Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 79 тата седница со единствена точка на дневниот ред - Предлог законот за ратификација на договорот за физичка демаркација на македонско - косовската граница.
Седницата е закажана откако Владата вчера ги прифати информацијата за склучување на договорот и усогласениот текст на документот, како и Предлог законот за негова ратификација.
Како што соопшти косовската влада, вчера договорот го потпишале и размениле копии премиерите на Македонија и Косово Никола Груевски и Хашим Тачи. За денеска е закажана и седница на Парламентот на Косово, кој исто како и Македонскиот Парламент треба да го ратификува Договорот.
Постигнатиот договор за демаркација на границата меѓу Скопје и Приштина го поздравија Соединетите Држави и Европската Унија.
„Го поздравуваме потпишувањето на билатералниот договор меѓу Република Македонија и Република Косово со што се завршува одбележувањето на границата меѓу двете земји. Раководствата во двете држави покажаа голема решителност и направија значаен чекор напред кон обезбедувањето на регионалната стабилност. Го очекувамо брзото воспоставување и на дипломатски односи меѓу двете земји“, се наведува во соопштението на американската амбасадата во Скопје.
Шведското претседателство со Европската Унија го поздрави, како што се наведува, позитивниот развој во градењето добрососедските односи меѓу Македонија и Косово.
- Кога ќе се најде заедничко прифатливо решение за некое отворено прашање меѓу соседите, тоа е охрабрувачки знак за одговорност и зрелост. Македонија со тоа стана првата земја од поранешна Југославија со целосно демаркирани граници, се наведува во соопштението од шведското претседателство.
Во писмената изјава, пак, на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедноста политика Хавиер Солана, пак се вели дека постигнатиот договор е знак на зрелост, орговорност и меѓусебно почитување.
„Им честитам на Македонија и на Косово за договорот за демаракација на границата. Се надевам дека договорот многу брзо ќе добие парламентарна ратификација,“ изјави Хавиер Солана.
Седницата е закажана откако Владата вчера ги прифати информацијата за склучување на договорот и усогласениот текст на документот, како и Предлог законот за негова ратификација.
Го очекуваме брзото воспоставување и на дипломатските односи меѓу двете земји.