Достапни линкови

Македонија сеуште во економска криза


Скопје
Скопје

Континуираниот пад на извозот и големиот трговски дефицит се показатели дека Македонија е сеуште во криза, но и дека нема за брзо време да излезе од неа, велат дел од експертите. Доколку ситуацијата продолжи тие предупредуваат и на можноста од нарушување на стабилноста на денарот.

Континуираниот пад на извозот и големиот трговски дефицит се показатели дека земјава е сеуште во криза, но и дека нема за брзо време да излезе од неа, велат дел од експертите. Според податоците на Заводот за статистика во август од извоз се оставрени околу еден ипол милијарди долари, а за увоз се потрошени околу три милијарди. Додека пак трговскиот дефицит досега достигнал до една милијарда и четиристотини илјади долари. Загрижувачки е фактот што во последниве месеци трговскиот дефицит е ист, доколку ова и понатаму се случува ќе се наруши и стабилноста на денарот, вели економистот Ден Дончев.
Доколку овој тренд продолжи навистина може да се доведе во ситуација севкупната надворешна состојба, да се дојде до еден кризен момент во Македонија каде што повторно може да биде ставена во прашање стабилноста на денарот


,,Доколку овој тренд продолжи навистина може да се доведе во ситуација севкупната надворешна состојба, да се дојде до еден кризен момент во Македонија каде што повторно може да биде ставена во прашање стабилноста на денарот, каде што Народната Банка повторно ќе мора да интервенира со значајни суми од девизините резерви со цел да го покрива недостатокот на девизи поради големиот трговски дефицит."

Очигледно е и дека мерките кои ги презема народна банка за да го намали трговскиот дефицит немаат ефект, доколку состојбата не се промени земјава ќе остане во рецесија, додава Дончев.

,,Значи не само што нема да излеземе брзо од криза, но и мерките преземени од Народна Банка доколку овие се покажат неефикасни, значи не сме ја исполниле првата цел. Второ исто така ја плаќаме цената за рестриктивната монетарна политика во домашната политика, што значи кризата не ја решаваме на надворешен финансиски план, а уште повеќе се влошува на домашен план."

Државата треба да го стимулира извозот, особено сега затоа што кризата најмногу се одразува поради намалената побарувачка на нашите проиводи во странство. Но и компаниите треба да најдат нов начин да се наметнат на тој пазар, вели претседателот на Стопанска Комора Бранко Азески.

,,Стратегијата сега треба да биде да се задржат тие некакви државни субвенции, а во исто време да се најде начин да се отворат нови пазари. Но, тука не престануваат обврските на компаниите, тие секако дека мора со сопствени сили да се преструктуираат, да бараат нови пазари, да се здружуваат, а се групираат. Тие се многу прости, но во пракса многу тешко изводливи работи и тука единствена компонента е упорноста."
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG