Достапни линкови

Ирскиот референдум, крај на една ера на ЕУ


Даблин
Даблин

Ирците денеска решаваат за судбината на Лисабонскиот договор. Европските политичари се согласуваат дека вториот референдум во Ирска, по ланскиот што пропадна, е последна шанса за Договорот со кој се трасира патот на функционирањето на Европската унија откако во неа влегоа 12 нови членки.

Анкетите покажуваат дека во Ирска овој пат преовладуваат оние што ќе гласаат за Лисабонскиот договор. Но, битката конечно ќе биде добиена откако Чешка и Полска ќе го ратфикуваат Договорот со кој се предвидуваат важни институционални промени во Европската унија. Земјите членки ќе немаат право на вето, освен во сферите кои се клучни за нивниот суверенитет како надворешната политика, буџетот, даноците. Предвидена е и функцијата претседател на Европската унија, како и зголемување на ингеренциите на шефот на заедничката дипломатија. Правото на глас на земјите во Унијата ќе ја рефлектира нивната големина, а Европскиот парламент ќе има зацврстена моќ. Вториот ирски референдум е проследен со лошите искуства од неколкуте претходни изјаснувања за клучните правци на Унијата што се одржаа во Данска, Франција и Холандија.
,,Во случај на ,,да,, ситуацијата исто така е многу комплицирана, бидејќи ни тогаш мисијата нема да биде завршена со оглед на тоа што Лисабонскиот договор се уште го немаат ратификувано Чешка и Полска...

,,Ако кажат ,,не,, за што лично сметам дека нема да се случи, тоа значи дека Лисабонскиот договор е мртов. Ќе треба извесно време за да се отргнеме од шокот по што ќе мора да се воведат извесни новини во функционирањето на Унијата.,,

Вели Јанис Еманулидис, аналитичар во Европскиот центар за политика во Брисел. Ирскиот премиер Брајан Кован веќе неколку пати повтори дека нема да има трет референдум. Другите европски лидери се обидоа да извршат притисок врз Ирска, со забелешка дека нејзината иднина во Унијата е под пршалник. Но токму тие признаваат дека не можат да ја казнат доколку и овој референдум пропадне. Впрочем станува збор за демократска одлука. Според аналитичарите, и позитивниот исход во Ирска не е гаранција дека тоа ќе биде крај за проблемите во Европскта унија.

,,Во случај на ,,да,, ситуацијата исто така е многу комплицирана, бидејќи ни тогаш мисијата нема да биде завршена со оглед на тоа што Лисабонскиот договор се уште го немаат ратификувано Чешка и Полска.,,

Вели Еманулидис. И додека полскиот претседател Лех Качињски изјави дека, доколку ирците позитивно се изјаснат за Лисабонскиот договор, тогаш и тој ќе го потпише, во Чешка Договорот веќе два пати се најде пред Уставниот суд, еднаш дури и по барање на претседателот Вацлав Клаус кој одбива да го ратификува. Сето ова и оди на рака на британската конзервативна опозиција која најавува референдум за Договорот ако тој не стапи во сила до следните избори во мај идната година.
Без оглед на резултатот од ирскиот референдум, ерата на големите проекти во Европската унија по се игледа заврши, барем во догледна иднина. Политичарите во Брисел постојано го цитираат Жан Моне, еден од основачите на Унијата кој фаворизираше интегрирање на Европа чекор по чекор. Постојат сигнали дека, така и ќе се случи. Имено, Германија веќе стави јасно до знаење дека и со Лисабонскиот договор, на Унијата ќе и треба извесно време пред да го продолжи своето натамошно проширување.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG