Достапни линкови

Проблеми со гасификацијата на Куманово


Куманово
Куманово

Долго најавуваната гасификација на Куманово најверојатно и оваа зима нема да се реализира. Надлежните од „Куманово-гас“ и од локалната самоуправа сметаат дека тие ги завршиле нивните обврски, но дека АД. „Гама“ од Скопје од за нив непознати причини не го исполнува договорот.

Долго најавуваното од локалното јавно претпријатие „Куманово-гас“, и од потрошувачите и граѓаните долгоочекуваното гасифицирање на Куманово по се излгеда и оваа зима нема да се реализира. Надлежните од „Куманово-гас“ и од локалната самоуправа сметаат дека тие ги завршиле нивните обврски, но дека АД. „Гама“ од Скопје од за нив непознати причини не го исполнува договорот. Затоа кумановци кои зимава планирале нивните домашни или службени простории да ги затоплуваат со природниот еколошки,поефтин и поекономичен енергенс ќе се снаоѓаат како и до сега.
Директорот на ЈП „Куманово-гас“, Момчило Мирчевски вели:

„Започнавме доста амбициозно и се надевавме дека „Гама“ ќе ја постави регулационата мерна станица. Меѓутоа, од за нас непознати причини тоа до сега не се случи, а сега и да започне со поставување на станицата ние на потрошувачите не можеме да им ветиме за месец, два ќе им се приклучи гас. Не сме сигурни дека „Гама“ ќе ги исполни обврските. Ова е неочекувано од „Гама“.
Започнавме доста амбициозно и се надевавме дека „Гама“ ќе ја постави регулационата мерна станица. Меѓутоа, од за нас непознати причини тоа до сега не се случи, а сега и да започне со поставување на станицата ние на потрошувачите не можеме да им ветиме за месец, два ќе им се приклучи гас


Мирчевски објаснува дека мерната станица е купена со намена за „Куманово-гас“ и додава:

„Договорот со ФЗЦ „11 Октомври“ од Куманово е потпишан бидејќи на тендер тие добија да ја монтираат станицата. Сега судбината на „Куманово-гас“,на Општината Куманово и на граѓаните е во рацете на „Гама“.

Кумановци кои нетрпеливо го очекувале гасоводот ќе се затоплуваат како и до сега. Можеби нивната бројка и не е толку голема. Се чини најповеќето од граѓаните за затоплување ќе ја користат електричната енергија, огревното дрво и јагленот,иако како што некои велат дрвата ги нема доволно,па затоа цената е многу висока. Користејќи ги сончевите септемвриски денови за прошетка многумина од нив велат дека обезбедиле дрва за огрев.

„На дрва ќе се затоплуваме. Скапи се 50 евра кубик.“
„Скапи се дрвата, ама електирчната енергија е уште поскапа.“

„Ние на грејалица се грееме.“

„Се греам на дрва,скапо,ефтино,тоа му е.“

„Се греам на клима, на термо печка не се исплати.“

Меѓутоа има и такви кои за греење ќе користат:

„Сончева енергија.“

„Ништо, немаме пари. Без работа сум.“

Ако се знае дека на кумановци животниот стандард не им е на завидно ниво, не е за изненадување многу семејства да останат без огрев. Имено,многумина и минатата зима ја минаа токму во студените простории чекајќи што поскоро таа да замине.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG