Достапни линкови

Македонија ќе се бори за опстанок во Дејвис купот


Македонската тениска репрезентација, од петок до недела ќе ја има третата последна можност годинава за обезбедување опстанок во Првата Евро - Африканска зона од Дејвис купот. Во ова друштво сме веке трета сезона, но шансите да останеме и понатаму се повеќе од симболични.

Македонската тениска репрезентација, од петок до недела ќе ја има третата последна можност годинава за обезбедување опстанок во Првата Евро - Африканска зона од Дејвис купот. Во ова друштво сме веке трета сезона, но шансите да останеме и понатаму се повеќе од симболични, бидејќи како гости треба да ја победиме Словачка, селекцијата која пред две години во Скопје, на земјен терен не декласира со 5-0. Кога на тоа ќе се додаде дека сега ќе се игра на брза, тврда подлога, јасно е дека сме големи аутсајдери. Реалност од која не бега и нашиот капитен Дејан Маринковиќ.
Словачка на овој натпревар е апсолутен фаворит


„Словачка на овој натпревар е апсолутен фаворит. Ние ќе се обидеме да се подготвивме максимално како и секогаш, да отидеме да одиграме максимално чесно, коректно, да пружиме максимум, но мислам сега да даваме изјави дека ќе ја победиме Словачка е не реално.“

Изјави Маринковиќ, кој нема да смета на услугите на нашиот најдобар тенисер Предраг Русевски. Поради несогласување со челните луѓе од федерацијата, тој не настапи и на претходниот дуел со Белорусија, а во комбинација не е ниту Илија Мартиноски, кој е на студии во САД. Тоа, според нашиот долгогодишен прв рекет, Лазар Магдинчев, само ја зголемува предноста на противникот, бидејќи:
Се знае Словачка каква екипа има, колку се силни играчите, тоа се виде и кога беа тука во Скопје, а јас мислам дека се дури и посилни од тогаш. Нормално очекувањата не ни се дека ќе направиме некој голем резултат


„Се знае Словачка каква екипа има, колку се силни играчите, тоа се виде и кога беа тука во Скопје, а јас мислам дека се дури и посилни од тогаш. Нормално очекувањата не ни се дека ќе направиме некој голем резултат.“

Вели Магдинчев. Сепак, тој истакнува дека во Словачка не се на туризам и дека на теренот ќе го дадат максимумот. Со тоа се согласува и Димитар Грабуловски, според кого во тимот постои надеж дека може да се обезбеди опстанок.

„Со било кој фаворит да играте постои некоја надеж, пред се ќе видиме првиот ден доколку нешто се случи да освоиме еден поен би можеле да размислуваме за нешто понатаму. Доколку ги изгубиме првите два, секако дека остануваат малку шанси.“

Рече Грабуловски, кој иако е под 1.000-тото место на АТП листата, е наш најдобро рангиран тенисер од оние кои заминаа за Братислава. Тој и Магдинчев како најискусни ќе ги играат мечевите во сингл, а најверојатно и дуелот во двојки. Доколку пак, по вториот ден биде познат победникот, шанса сигурно ќе добијат и јуниорите Томислав Јотовски и Шендрит Деари. Од друга страна, за Словачка ќе настапат 156-иот и 159-иот на АТП, Доминик Хрбати и Лукаш Лацко, а во составот е и Мартин Клизан, најдобриот јуниор во светот од пред две години.

XS
SM
MD
LG