Достапни линкови

Пред опасностите од тероризмот треба да се остане ,,буден“?


Геостратешката положба во која се наоѓа Македонија ја ставаат во контекст на опасностите и од меѓународен и од регионален тероризам. Од полицијата велат дека државата има капацитет да се справи со ваквите закани, додека експертите порачуваат спроведување континуирани заштитини мерки против евентуалните изненадувања.

Геостратешката положба во која се наоѓа Македонија ја ставаат во контекст на опасностите и од меѓународен и од регионален тероризам. Прашања кои проблемот го прават реален потекнуваат според експертите се нерасрешениот спор за името името, нерешената граница, идеите за Голема Албанија и со помала веројатност закани кои би дошле и од останатите соседи, Бугарија и Србија. При тоа тој поврзан систем којшто е раководен од еден центар, не може да се каже во каква функција може да биде употребен, појаснува професорот Стефан Буџаковски, во функција на меѓународниот тероризам или во функција на разрешување на проблеми, тука на Балканот.

„Мораме да споменеме дека разузнавачките служби на поедини држави праваат, понатаму ги организираат и спроведуваат одредени терористички акции користејќи ги овие можности. Значи разузнавачките служби ги користат овие сегменти, прво ги откриваат,
Мораме да споменеме дека разузнавачките служби на поедини држави праваат, понатаму ги организираат и спроведуваат одредени терористички акции користејќи ги овие можности
лоцираат, после со примена на најразлични средства и методи ги ставаат во нивна функција односно за постигнување на нивните цели.“

Откриените македонски граѓани во Америка каде што подготвуваат терористички акти зборува за тоа дека Макеоднија има не само врска со тереористичките напади туку и со планирањето и реализирањето. Неколку криминални активности кои ги откри МВР беа подведени под терористички активности. Македонија има капацитет да се справи со ваквите закани велат во полицијата.

„За жал имавме и регистирано дела како што се тероризам. Токму случајот ,,Планинска Бура“ покажа дека Македонија има капацитет и може да се справи со сите вакви посериозни закани и по безбедноста и по интегритетот и суверенитетот на земјата.“

Вели портпаролот на МВР Иво Котевски. Професорот Буџаковски сепак вели дека Македонија како и поширокиот Балкан сеуште не ги сфаќа сериозно опасностите од тероризам и препорачува спроведување континуирани заштитини мерки против евентуалните изненадувања.

„Нивната организација, нивните финансии нас не оневозможуваат во таа ефикасност бидејќи кога имаш поголеми финансии имаш поголеми можности за подмитување на одредени службеници итн.“

Македонија е дел од глобалната коалиција за борба против терортизмот и со таа цел учествува со свои војници во неколку меѓународни мисии.

XS
SM
MD
LG