Бранко Црвенковски е виновен за нерегуларната продажба на картите за натпреварот Македонија - Шпанија велат од ВМРО. Премиерот Никола Груевски со своите плагијат проекти се обидува да ја сокрие паниката за слабите економски проекти.- обвинуваат од СДСМ. Владата ќе ги намали цените на дворните земјишта, но зошто чекаа до сега велат од СДСМ. ВМРО им возврати – зошто вие кога не бевте на власт не ги намаливте. И така политичките вести се сведуваат на прес конференции на кои партиите се препукуваат преку медиумите без конструктивни аргументи велат експертите. Со ваквото однесување партиите собираат политички поени кај своите приврзаници со директен напад на противникот. Но, кај пошироката јавност се создава контра ефект, се намалува политичката и граѓанската свест, вели професорот Здравко Савески.
„Еден евтин трик во политиката за да се замагли колку лошо сте работеле самите, тогаш кажувате што тие кои биле пред вас згрешиле и на тој начин сметате дека она што вие го правите е оправдано и за жал луѓето не реагираат кон она што било, туку кон она моменталното, се оценуваат трудовите.“
Експертите сметаат дека во Македонија подолго време недостасува политичка култура да се дискутира за суштински работи кои се важни за Македонија.
„Мислам дека се работи за политичка истрошеност и исцрпеност на политичките партии така што и немаат конкретно што да понудат освен обвинувањата еден против друг. Јас мислам дека не постои ниту конструктивен амбиент да се расправаат важните теми, кои што се важни за државата туку едноставно се префрла вината како ,,пинг понг“ од една на друга.“
вели политикологот Мерсел Биљали.
За да се промени ваквата политичка состојба мора да се работи на подигнување на политичката култура. Експертите сметаат деканаучната јавност и новинарите треба да инсистираат да се престане со евтини и празни напади, да им се помогне на политичарите да се освестат.Професорот Савески е скептик по ова прашање и не верува дека во брзо време ќе дојде до некава промена кај политичарите.
„Бидејќи ако има свест кај јавноста дека таквото однесување е недозволиво, тогаш може нешто да се промени, но не сум толкав оптимист дека на краток рок може нешто да се промени, бидејќи се случува луѓе кои што се на пример универзитетски професори во кампањата беа на недозволиво ниско ниво за луѓе кои што треба да промовираат толеранција и демократска политичка култура.“
Во минатиот извештај на Европската Комисија беше посочено дека на политичката сцена во Македонија недостасува конструктивен политички дијалог.
Мислам дека се работи за политичка истрошеност и исцрпеност на политичките партии така што и немаат конкретно што да понудат освен обвинувањата еден против друг
„Еден евтин трик во политиката за да се замагли колку лошо сте работеле самите, тогаш кажувате што тие кои биле пред вас згрешиле и на тој начин сметате дека она што вие го правите е оправдано и за жал луѓето не реагираат кон она што било, туку кон она моменталното, се оценуваат трудовите.“
Експертите сметаат дека во Македонија подолго време недостасува политичка култура да се дискутира за суштински работи кои се важни за Македонија.
„Мислам дека се работи за политичка истрошеност и исцрпеност на политичките партии така што и немаат конкретно што да понудат освен обвинувањата еден против друг. Јас мислам дека не постои ниту конструктивен амбиент да се расправаат важните теми, кои што се важни за државата туку едноставно се префрла вината како ,,пинг понг“ од една на друга.“
вели политикологот Мерсел Биљали.
За да се промени ваквата политичка состојба мора да се работи на подигнување на политичката култура. Експертите сметаат дека
Јас мислам дека не постои ниту конструктивен амбиент да се расправаат важните теми, кои што се важни за државата туку едноставно се префрла вината како ,,пинг понг“ од една на друга