Достапни линкови

Нов метод за утврдување на економскиот раст


САД - Мерење на економски раст, според светла
САД - Мерење на економски раст, според светла
Во некои земји, економските податоци можат да бидат конфузни, несигурни или да не постојат. Една нова студија сугерира дека постојат и други начини за мерење на економскиот развој, како на пример набљудувањето на светлата од сателит, ноќе.
Бруто Домашниот Производ е еден од базичните показатели за економскиот развој на некоја земја. Но, во некои држави тие податоци се конфузни, нецелосни, или пак, поради големиот дел на сива економија, официјалните податоци не се реални. Професор Дејвид Вил од американскиот Браун Универзитет, дошол на идеја, во некои држави да го следи осветлувањето ноќе, од сателит и според тоа да го утврдува економскиот развој.

“Кога луѓето стануваат побогати, имаат пари да трошат за осветлување, односно бараат повеќе осветлување. Исто така, кога има пари, се развива електричната инфраструктура, уличните осветлувања и слично”.
U.S. – Eastern Europe in lights, Measuring economic growth from ourter space, Jul2009


Во студијата на Вил се прикажани и две сателитски снимки на Источна Европа, ноќе, едната од 1992-ра и другата 10 години подоцна. Осветлувањето е радикално зголемено во Унгарија, Полска и Романија, каде што во тој период имало и економски раст, додека се потемно станувало во Молдавија и Украина. Според таквата методологија, во студијата на Вил е утврдено дека во околу 40 земји има погрешни податоци за Бруто Домашниот Производ. На пример Белорусија, според официјалните податоци, има економски раст од 1,6 насто, додека според методологијата на осветлување, само 0,6 насто годишно. Алтернативните методи за утврдување на економскиот развој не се непознати низ историјата. Еден е на пример според бројот на испратени писма по глава на жител за време на австро-унгарската империја. Или пак утврдувањето на животниот стандард, во подалечното минато, според анализата на пронајдените посмртни останки. Според Дејвид Вил, методот на ноќни светла е корисен бидејки е побрз начин за собирање на податоци во однос на класичните статистички податоци. Или пак е единствен за оние земји од каде што воопшто не можат да се добијат економски податоци.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG