Достапни линкови

Каде е македонската атлетика?


Атлетика
Атлетика
Благодарение на Мундијалот кој до недела ќе се одржува во Берлин, атлетиката деновиве е во центарот на вниманието на целокупната светска спортска јавност. Борбата со секундите и сантиметрите на Болт, Геј, Пауел, Лиу, Исинбаева, Влашиќ, Кантвел, Фрејзер, Масаи и другите ѕвезди на кралицата на спортовите, кои со своите настапи го наметнуваат прашање до каде се човечките граници, никого не остава рамнодушен. Тоа е случај и со македонските љубители на спортот, кои не го кријат воодушевувањето од виденото на Олимпискиот стадион во Берлин. Но и го поставуват прашањето каде е нашата атлетика?
Единствина причина се условите за работа. Секаде на Балканот, во Европа и светот има повеќе од 20 атлетски борилишта. Кај нас немаме ниту едно борилиште. Во школите нема ниту најосновни услови за работа во атлетиката


Одговорот не е ни малку пријатен - на дното. Тоа се потврди и со прескромното претставување на СП, каде што со вајлд карта настапи само спринтерката Ивана Рожман, која на трката на 100 метри со 53 стотинки послабо време од својот рекорд го освои 47 - мото место. Резултат за дополнително разочарување и барање на причините за овој пад на спортот со традиција кај нас?
Според селектор на атлетската репрезентација Влатко Димитров...

„Единствина причина се условите за работа. Секаде на Балканот, во Европа и светот има повеќе од 20 атлетски борилишта. Кај нас немаме ниту едно борилиште. Во школите нема ниту најосновни услови за работа во атлетиката.“

изјави Димитров. Тој е убеден дека Македонија има потенцијал за поголеми дострели, но претходно кажаното кај атлетските работници ја убива секоја желба за работа.

„Ако сакаме врвен спорт, тогаш треба за еден атлетичар, двајца или петмина треба најмалку два тренера, треба масер, доктор, нутрицист. Тука е поентата. Тие не се вонземјани, не се поспособни, нас ни треба услови и ние не би била поназад од другите.“

додаде Димитров, според кого има простор за надеж дека наскоро ќе се вратат старите добри времиња. Нешто за што веќе е изработена програма, а оптимизмот го подгреваат и преземените активности за нејзина реализација, односно обезбедените тартан патеки и реквизити за работа.
XS
SM
MD
LG