Достапни линкови

Измамени пазарџии со фалсификувани пари


Битола
Битола

Непознати сторители оштетиле повеќемина пазарџии во Битола купувајќи лубеници со фалсификувани денари. За да купат лубеници по цена од околу 100 денари, на пазарџиите им давале фалсификувани 1000 денари, а тие им враќале по 900 денари од дневниот промет.

Непознати сторители оштетиле повеќемина пазарџии во Битола купувајќи бостан со фалсификувани денари. Парите ги пуштиле во промет плаќајќи им за купените лубеници на неколкумина прекупци од Струмица кои во пазарни денови продаваат овошје во новиот битолски пазар. Оштетените пазарџии раскажуваат дека банкнотите биле растурани во вечерните часови најверојатно за да не може да се препознае лошиот фалсификат. За да купат лубеници од неколку килограми за цена од околу 100 денари, на пазарџиите им давале фалсификувани 1000 денари, а овие им враќале по 900 денари од дневниот промет.

„Седнав и на невестата и реков, ајде да видеме што промет имаме направено. Таа рече дака имаме направено промет од две илјади
Ми дадоа илјадарка, а човек се мачи да земи пари повеќе, а не излажаа фалш да биде илјадарката. Кога ја проверив видов дека не е иста Богородичката. Претрчав до Стопанска банка и ми рекоа фалш е парата
денари. Една илјадарка и другите по сто денари беа. И кога ги видов едната чудна пара ми беше, не ми личеше на пара.“

„Ова страмота е така да не лажат.“

„Вчера ми се случи кога го врзувавме бостанот. Ми дадоа илјадарка, а човек се мачи да земи пари повеќе, а не излажаа фалш да биде илјадарката. Кога ја проверив видов дека не е иста Богородичката. Претрчав до Стопанска банка и ми рекоа фалш е парата.“

раскажуваат пазарџиите.
Никој не ја знае вкупната вредност на фалсификуваните банкноти дистринбуирани деновиве. Изминатите неколку години Битола многупати се покажала како погодна почва за изработка и растурање на фалсификувани банкноти. Најчеста мета на фалсификаторите беа пазарот и дуќаните од чаршијата. Портпаролот на битолската полиција Ѓоко Стрезовски апелира „доколку кај одредени граѓани се јави сомнеж дека одредена банкнота е сомнителна или личи на фалсификувана би ги замолил да дојдат во Секторот за внатрешни работи во Битола и да го пријават случајот.“ Минатата година битолската полиција во областа на организираниот криминал поднесе 14 кривични пријави против 21 сторител од кои најголемиот процент се однесуваа на фалсификување пари. Пред три години, пак, беше откриена импровизирана лабораторија за изработка на фалш пари во која фалсификатите ги изработуваше 16 годишно момче на својот компјутер.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG