Достапни линкови

Северот на Косово 10 години е замрзнат конфликт


Тим Џуда, британски новинар
Тим Џуда, британски новинар

Можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово и тужбата на Белград против косовската независност, се дел од темите на разговорот со британскиот новинар Тим Џуда кој е добар познавач на состојбите на Балканот.

Осврнувајќи се врз најновата идеја за територијална размена на северот на Косово и југот на Србија новинарот на Економист Тим Џуда во разговорот за Радио Слободна Европа меѓу другото вели:

,,Мислам дека тоа беше вистинската заднина на српскиот предмет во Меѓународниот суд на правдата. На стратезите во Србија основната идеја им беше територијалната размена. И порано имаше луѓе во Србија кои сакаа преземање на северот на Косово, но не и да дадат нешто во замена.,,
Не мислам дека дека тоа е прифатливо во поблиска иднина и тоа не само заради Косово. Проблем не се само Прешево и северот на Косово. Проблем, како што е познато, се и Македонија и Босна и Херцеговина. Значи во блиска иднина не, но кој знае што може да се случи за неколку години...


Вели Џуда, кој додава дека сега времињата се смениле и оти, како што вели, во Србија има важни луѓе кои се подготвени да ја разгледаат идејата за размена, а не само да го преземат Северот. На прашањето дали тоа воопшто може да биде прифатливо на меѓународно ниво тој оценува:

,,Не мислам дека дека тоа е прифатливо во поблиска иднина и тоа не само заради Косово. Проблем не се само Прешево и северот на Косово. Проблем, како што е познато, се и Македонија и Босна и Херцеговина. Значи во блиска иднина не, но кој знае што може да се случи за неколку години.,,

Тим Џуда е на мислење дека работите со северот на Косово ќе останат непроменети уште извесно време, односно дека е малку веројатно тоа да влезе во косовскиот систем, што, според него, подразбира дека треба да се изнајде подобар начин за живеење. Северот на Косово, како што вели, веќе 10 години е замрзнат конфликт, со одредени периоди на затоплување. Во врска со одлуката на Европската унија да ја отвори вратата спрема Србија, но не и спрема Косово тој вели:

,,Да, вистина е дека сакаат да го интегрираат целиот Западен Балкан во Европската унија. Само погледнете ја картата. Факт е дека Србија, како и Македонија и Хрватска, направи повеќе да ги исполни условите, отколку Косово и Босна. Мислам дека не е фер да се обвинува само Европската унија.,,

Наведува Џуда, кој додава дека процесот во Меѓународниот суд на правдата во целост не го запре признавањето на косовската независност, туку оти само го забави. ,,Оваа идеја не е толку успешна колку што тоа би го сакала Србија, но ниту пропадна во целост како што тоа го сака Косово,, заклучува угледниот британски новинар Тим Џуда во разговорот за Радио Слободна Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG