Достапни линкови

Градска библиотека во Куманово


Куманово
Куманово

Кумановската библиотека е со богат книжевен фонд, но меѓу кумановци сеуште нема голем интерес и навика за изнајмување книги. Ревносните читатели сепак се тука.

Градската библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово на почетокот на летово книжевниот фонд го збогатила за 2 илјади и 320 книги или за 814 наслови, главно слободна литература, односно белетристика. До крајот на оваа година книжевниот фонд ќе биде зголемен уште за толкав број книги од кои половина ќе бидат лектири за основците и средношколците, а другиот дел книги од сите области на науката, вели Нада Ивановска директорка на кумановската библиотека. Колку во летните месеци кумановци читаат, односно позајмуваат книги од библиотеката Ивановска вели:

„Во текот на летото кога замираат главно сите активности поради годишните одмори, се намалува и бројот на читателите. Сепак, најревносните читатели се тука, учениците бараат книги за лектира, а се бара и стручната литература, зависно од потребите. Сепак, најбарана е белетристиката –книгата за забава. “

Какви книги се најбарани и дали од домашните или странските автори, Ивановска со одговор:

„На наше задоволство многу се бара македонкиот роман, македонската проза, за разлика од пред 7-8 до 10 години. Македонскиот роман е
Во текот на летото кога замираат главно сите активности поради годишните одмори, се намалува и бројот на читателите. Сепак, најревносните читатели се тукa
многу ценет и популарен,а имаме и богата продукција.“

Запрашани дали читаат,колку читаат,каков вид литература преферираат и од каде ги набавуваат книгите кумановци срамежливо одговараат. Слично како и кога треба да се зачленат во библиотека и во неа редовно да навраќаат.Некои велат дека читаат, ама за тоа не зборуваат, други пак со одговори:

„Криминалистика.Агата Кристи.Главно домашна библиотека или подарени книги.“

„Читам.Лектири најчесто и се друго.“

Има и такви кои пак се навраќаат на некогаш прочитаните класици:

„Да. Се навраќам на руските класици, второ или трето читање на одамна прочитаните лектири во средно образование. Како и се она што подразбира бестселер, или авторите од типот на Кундера, или пак ново читање на Хесе. Некои автори актуелни секогаш.“

А книгите се:

„Од домашна библиотека или позајмени од пријатели.“

Колку навистина читаат кумановци веројатно не може да се знае, оти за тоа не се води статистика. Веројатно толку колку што читаат и останатите во државава. Во секојдневните разговори пак реткост е тема за прочитана книга или пак за препорака на добра книга.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG