Андерс Фог Расмусен изрази очекување дека процесот на проширување на НАТО ќе продолжи, но оти земјите кандидати мора да ги исполнат критериумите за членство.
“Целосно сум определен за принципот на отворени врати на НАТО. Членството не право. Земјите мора да бидат подготвени. Но, НАТО проширувањето веќе ја покажа својата моќ со ширењето на стабилноста и промовирањето на реформите. Очекувам тоа да продолжи за време на мојот мандат”.
Изјави Расмусен на денешната прес конференција во Брисел, на која најави и натамошно намалување на бројот на војниците на НАТО на Косово.
“За Косово, мојата цел е јасна, - до крајот на мојот мандат КФОР да биде редуциран на мала единица за брза реакција, или целосно повлекување од таму”.
Во врска со мисијата на НАТО во Авганистан, Расмусен нагласи дека мандатот од Обединетите Нации е јасен и во интерес на глобалната безбедност, да биде спречено Авганистан повторно да стане центар на меѓународниот тероризам, додавајки дека секој што верува во основните човекови права, би требало да ја подржи таа мисија.
“Долгорочната цел мора да биде конкретна, - пренесување на одговорноста за безбедноста за Авганистан, на авганистанците. Верувам дека за време на мојот мандат, авганистанците ќе ја превземат одговорноста за безбедноста во поголемиот дел од земјата”.
Новиот генерален секретар на НАТО се заложи и за развој на вистинско стратегиско партнерство со Русија. Треба да ја прошириме соработката во областите каде што имаме заеднички безбедносни интереси, рече Расмусен.
“Очигледно е дека ќе има фундаментални прашања за кои нема да се согласуваме. Ние треба да инсистираме, на пример, Русија целосно да ги почитува меѓународните обврски, вклучувајки го почиувањето на територијалниот интегритет и политичката слобода на соседите”.
Андерс Фог Расмусен, во првото обраќање како шеф на НАТО, објави и дека веќе повикал на разговори дипломати од земјите на Северна Африка и Блискиот Исток, со што сака да ги подобри односите со муслиманскиот свет. “Решен сум да изградам цврсти односи со земјите од муслиманскиот свет, врз основа на меѓусебно почитување, разбирање и доверба”, изјави Расмусен.