Достапни линкови

ДПА ќе го бојкотира Собранието


Лидерот на ДПА Мендух Тачи
Лидерот на ДПА Мендух Тачи

Централното претседателство на ДПА вчера во Тетово реши да го бојоктира Собранието. Експертите со став, партиите треба да ги остваруваат своите цели во рамките на парламентот.

Централното претседателство на ДПА реши да го бојкотира собранието. Сега ќе се чека на одлуката на највисокото партиско тело централниот одбор, која се очекува во текот на нареднатата недела за бојкотот да стапи во сила велат за Радио Слободна Европа од оваа партија. На овој чекор се решија откако претседателот на собранието Трајко Вељановки не ги стави на дневен ред иницијативата за автентично толкување на законот за амнестија и предлог законот за службена употреба на албанскиот јазик. Лидерот на партијата Мендух Тачи изјави дека се одлучиле за бојкот, бидејќи сметаат дека оваа политичка гарнитура не сака да се занимава со политички дијалог и не сака да дојде до консензус. Со одлуката на ДПА не се сложува и Рафиз Алити од ДУИ кој вели дека бојкотот не е во
Со бојкотирањето не се постигнуваат целите што ги имаат партиите. Сепак, целите на сите партии се остваруваат и треба да се остварат во рамките на парламентот
интерес на никоја партија, а особено сега кога очекуваме покана за во ЕУ.

,,Кажувам дека не е во интерес ниту на ДПА ниту на граѓаните на Република Македонија, без оглед на етничката заедница, бидејќи наш интерес е Македонија да биде што поблиску до ЕУ и секогаш со добра политичка волја треба и мора да се најдат решенија."

Со бојкот неможе ништо да се постигне и се покажало досега дека тој не дава резултати. Не може важни прашања да се третираат на овој начин вели Андреј Петров од СДСМ. Клучно е и што ќе се договорат ВМРО и ДУИ по ова прашање вели тој:

,,Мислам дека сите треба да сфата дека надминувањето на работите е во дијалог и не може прашања кои се значајни за луѓето да бидат третирани за дневно политички цели. Но, клучна работа за нас е не што ќе прави ДПА туку што ќе договорат ДУИ и ВМРО ДПМНЕ бидејќи тие како дел од иста влада не можат да имаат различно мислење."

Бојкотот не е ништо ново, но проблемите сепак треба да се решаваат преку политички дијалог во собранието вели политикологот Осман Кадриу.

,,Со бојкотирањето не се постигнуваат целите што ги имаат партиите. Сепак, целите на сите партии се остваруваат и треба да се остварат во рамките на парламентот."

На седницата на сентралниот одбор од ДПА велт дека ќе се постават 15 точки, кои се причината за одлуката да го бојкотираат собранието.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG