Достапни линкови

Пораст на бракоразводите во Куманово


Куманово
Куманово

Во Куманово, според податоците на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, е зголемен бројот на бракоразводите. Најчесто во конфликтите меѓу двата родители, жртви стануваат децата.

Бројот на бракоразводите во Општината Куманово секоја година се зголемува. Минатата година 120 брачни заедници се растурени, а и годинава тој тренд продолжува, вели Александра Арсовска педагог во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Куманово.По разводот на родителите нивните деца стануваат жртви на меѓусебните конфликти започнати во брачната заедница,кои продолжуваат овојпат од аспект кој ќе се грижи за нивните потомци.

„Секој случај е посебен за себе. Во глобала се тргнува од тоа кај кого останале децата по напуштање на брачната заедница.Значи кој од родителите продолжил да се грижи за децата. Се зема в предвид емоционалната приврзаност на децата со еден од родителите, а се
Децата најчесто се жртви на меѓусебните конфликти на родителите кои сеуште немаат издиференциран однос помеѓу себе.Тоа е се додека не расчистат и на емотивен план
гледа и материјалната, станбената безбедност.“

Вели Арсовска која е дел од стручниот тим составен од психолог, педагог, социјален работник и правник.Меѓутоа за одбележување е тоа што најчесто родителот кому децата не му се доделени е незадоволен од одлуката,а најголеми жртви се децата.

„Децата најчесто се жртви на меѓусебните конфликти на родителите кои сеуште немаат издиференциран однос помеѓу себе.Тоа е се додека не расчистат и на емотивен план.“

Арсовска смета дека последиците кај децата се гледаат во нивното учење,социјализацијата во општеството:

„Социјалниот однос, психофизичкиот развој. Децата се разболуваат без причина, се повлекуваат во себе, стануваат агресивни зависно од возраста.“

Таа додава дека најголем број од овие деца никогаш не заминале на годишен одмор токму поради расправиите на родителите.

„Едниот родител сака децата да ги носи на годишен одмор надвор од РМ, а другиот за тоа не дава согласност.“

На одредена возраст пак децата стануваат манипулатори со нивните родители.

„Секогаш постои таков ризик. Децата на одредена возраст започнуваат да манипулираат со двајцата родители заради слободата на движење, материјалните добивки.“

Поради лошата финансиска состојба Куманово последнава деценија прерасна во печалбарски град.Тоа резултира и со зголемување на бројот на бракоразводите токму од овие бракови.

„Се менува односот помеѓу двајцата родители.Тоа доаѓа бидејќи се јавуваат парите со кои се купува љубовта.“

Забележува Арсовска и додава дека главно децата од разведени бракови поради загубениот компас за пример на функционирање на семејство и нивните бракови тешко опстануваат.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG