Достапни линкови

Малите фирми пред банкрот?


Macedonia - government building, Skopje, 01Nov2008
Macedonia - government building, Skopje, 01Nov2008

Бизнисмените се нездоволни и се жалат дека мал дел од антикризните мерки се спроведени. Од организацијата на работодавачи бараат нов пакет на мерки кои треба да им ја олесни работата во време на економска криза.

Најцрното можно сценарио за бизнисмените е банкрот на голем дел од малите и средни фирми до есен ако не се споведат антикризните мерки. Од организацијата на работодавачи , велат дека најавените кредити од во вредност од 100 милиони евра од
Одредени мерки, како од владата да стојат отворени во тек за решавање. Меѓутоа, ние не сме задоволни, мислиме дека треба да се направат што побрзо. Времето одминува, а со тоа штетата се зголемува
Европската инвестициона банка, со помала камата сеуште не им се доделени.Владата најави дека наскоро преку комерцијалните банки бизнисмените ќе ги добијат овие кредити. Бизнисмените се плашат дека критериумите за овие кредити ќе бидат многу строги и нема да можат ни да ги користст ветените кредити. Една од мерките што ги најави Владата е дека ќе им помогне на бизнисмените при увоз на опрема да го платат данокот со одложено плаќање или негово привремено компезирање. Оваа мерка сеуште не е реализирана па фирмите често заглавуваат со кредити велат од организацијата. Во врска со помошта за зголемување увозот сеуште нема никаква стимулации објаснува претседателот на организацијата на работодавачи, Димитар Стојановски.

„Одредени мерки, како од владата да стојат отворени во тек за решавање. Меѓутоа, ние не сме задоволни, мислиме дека треба да се направат што побрзо. Времето одминува, а со тоа штетата се зголемува.“

Од синдикатот за градежништвото советуваат да се следат светските чекори и да се инвестира во инфраструктура за да се одржи целата економија.

„Владата она што го најави, да пласира 200 милиони евра, да се интензивира тоа. Со ребалансот на буџетот да не се дозволи од тој колач да се одземе, затоа што директно ќе влијае на економските гранки,“

вели Претседателот на синдикатот Павел Трендафилов.
Владата го укина данокот на реинвестирана добивка, приход од околу сто милиони евра, средства кои остануваат кај компаниите и со кои им се овозможува полесно да ја пребродат кризата


Експертите сметааат дека кризата во Македонија е далеку од излезот, потребни му се нови антикризни мерки на стопанството. Барањата на работодавците се сосем логични во време на криза вели економистот Ванчо Узунов.

„Што се однесува до другите праткични мерки, некои работи ќе бидат олеснети за бизнисмените, но некои може да создадат хаос во економијата, сива економија итн.“

Од Владата велат дека дел од трите пакети мерки се спроведуваат а другиот дел се во фаза на спроведување и нскоро треба да се почуствуваат ефектите од нив.

„Владата го укина данокот на реинвестирана добивка, приход од околу сто милиони евра, средства кои остануваат кај компаниите и со кои им се овозможува полесно да ја пребродат кризата.“

вели потпаролот на владата Мартин Мартиновски

Бизнисмените од Владата во новио пакет побараа даночни и царински олеснувања, забрзувања во работата на администрација и катастар.Владата засега ќе ги чека резултатите и исполнувањата на веќе најавените антикризни мерки .
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG