Американскиот претседател Барак Обама изјави дека американските и сојузничките сили во Авганистан успешно ги потиснуваат талибанските милитанти и оти сега главна цел е да се обезбедат мирни избори во наредниот месец. Сепак, Обама оцени дека уште е долг патот кон стабилизацијата на Авганистан.
Во интервјуто за британската телевизија Скај Њуз, Барак Обама истакна дека сега приоритетна цел во Авганистан е да се одржат претседателските избори, закажани за 20-ти август. Илјадници американски и британски трупи водат жестоки борби со талибанците во провинцијата Хелманд, каде што се обидуваат да ги пресечат каналите за снабдување на милитантите од пакистанска територија. Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи Змарај Башари изјави дека бројот на убиени талибанци во последниве денови се зголемува.
“172-ца вооружени непријатели на владата беа убиени во операциите во изминатата недела, 27 се ранети, а 30 уапсени”.
Американскиот претседател Барак Обама најави дека стратегијата за Авганистан повторно ќе биде преиспитана по изборите и ќе биде засилена обуката на авганситанските војници и полицајци. Обама прецизира дека новата стратегија ќе содржи и невоена подршка, како обука во делот на судскиот систем и владеење на правото, помош за авганистанските земјоделци и друго. Во меѓувреме, британскиот премиер Гордон Браун оцени дека воената стратегија во Авганистан е добра и покрај зголемениот број на жртви . Во писмото до парламентарниот комитет, Браун оценува дека британските команданти во Авганистан тврдат дека ја добиваат битката со талибанците во јужниот дел на земјата. Британскиот премиер додава и дека военото присуство во Авганистан е со цел да се спречи тероризмот во Британија. Инаку во изминатите 10 дена во Авганистан загинаа 15 британски војници.