По мартовскиот пораз во Јужна Африка, идниот викенд македонската тениска репрезентација ќе го одигра вториот годинашен меч за опстанок во Првата Евро - Африканска зона од Дејвис купот. Сега во Минск, пречка на тој пат ќе ни биде Белорусија, репрезентација со сличен квалитет, но противник кој е фаворит во претстојната пресметка со нас. Таа предност, покрај домашниот терен, му ја носи отсуството на нашиот прв рекет Предраг Русевски, кој незадоволен од односот на Федерацијата кон него не отпатува за Белорусија. Потег кој, и според селекторот Дејан Маринковиќ, многу ни ги намали шансите за задржување во друштвото во кое сме последниве три години.
,,Тим на Македонија со Русевски и без Русевски се два различни тима. Мора да бидеме објективни дека во моментов немаме адекватна замена, затоа што не се работи само за сингл партиите туку веќе се работи и за игра во двојки. Тој и Магдинчев се двојка која покажувала врвни резултати против светски квалитетни двојки. Шансите ни се реално минимални."
Изјави Маринковиќ, кој сепак, верува во своите избраници. Според него тие се кадарни за да одговорат на предизвикот и со малку среќа да дојдат до целта. Подвиг за кој според, сега главниот наш адут - Илија Мартиноски, добредојдено ќе ни е отсуството на Карачениа и Бетау, двајца од четирите најдобри белоруски тенисери.
,,Што значи дека имаме шанси во синлг. Првата табла за нив е Владимир Игнатиј го знам од јуниорски турнири и Бури со кој игравме заедно, што значи имаме шанси за добар резултат."
Вели Мартиноски, кого не го плаши ниту брзата подлога, на која ќе се игра, а која не ни е најомилена. Сепак, и на таков терен имаме една голема победа, над Луксембург пред две години, што говори дека тој, особено по неколкунеделните тренинзи, не би требало да ни биде голем проблем.
,,За мене не е голем хендикеп, и за Магдинчев исто така бидејќи тој веќе има тренирано на таква подлога. Имаме неколку дена да се навикнеме па ќе видиме."
Додаде Мартиноски, 928 - миот тенисер во светот. Иако нема рејтинг поради отсуството од турнири, втор наш адут ќе биде Лазар Магдинчев, а во тимот се и Димитар Грабуловски и Томислав Јотовски. Тоа е четворката која ќе се спротивстави на 19 - тиот дубл играч во светот Макс Мирњи, како и на помалку познатите Игнатик и Бури.
Подобриот од нивната пресметка ќе обезбеди нова сезона во втората по квалитет светска група, а поразениот ќе има уште една шанса. Во септември, на теренот на Словачка, гигантот кој пред две години во Скопје не декласира со 5-0.