Стотици активисти за човекови права, интелектуалци, новинари и приврзаници на опозицијата се уапсени во Иран по контроверзните претседателски избори на 12-ти јуни. Не е познат точниот број на убиени и ранети во нередите, а постојат страхувања дека реприсијата ќе продолжи. Поради тоа, неколку организации за човекови права побара од меѓународната заедница да изврши притисок врз Иран да ја запре тортурата против опозицијата.
Елис Оербах од Амнести Интернешнел изрази длабока загриженост од повиците на некои ирански верски лидери за најстрого казнување на некои демонстранти.
“Амнести Интернешнел е многу загрижен од можноста многумина од затворените да бидат малтретирани и прунидувани да си ја признаат вината и потоа тие признанија да бидат емитувани на Иранската национална телевизија”.
На телевизијата веќе беа објавени некои такви признанија во кои затворениците велат дека работеле за Велика Британија или за некоја друга западна земја, со цел да биде дестабилизирана владата во Техеран. Сара Витсон од Хјуман Рајтс Воч вели дека владите и институциите кои се загрижени од бруталното кршење на човековите права во Иран, имаат неколку можности за дејствување.
“Тие треба да продолжат со преиспитувањето на иранското досие во Обединетите Нации. Дипломатите на земјите и од исток и од запад, кои сеуште имаат релации со Иран, јавно да го искажат несогласувањето со постапките на Техеран. Јавно да се каже дека кршењето на човековите права не е само внатрешна работа на таа земја”.
Роксана Забери, американска новинарка од иранско потекло, која беше неколку месеци во затвор во Иран под обвиение дека е шпион, вели дека поради големиот меѓународен интерес за нејзиниот случај, таа не била физички малтретирана, што не е случај со другите затвореници.
“За среќа, јас не се соочив со физичка тортура, но знам дека тоа се случуваше таму и веројатно многумина од сега затворените опозиционери се изложени на тортура. Мислам дека нивната ситуација е многу потешка во споредба која јас бев затворена”.
Активистите за човекови права нагласија дека многумина од сега затворените опозициони активисти, за разлика од Сабери, ја немаат меѓународната подршка и притисок врз властите во Иран да ги преиспитаат и нивните случаи.