Достапни линкови

Судската правда бавна


Прилеп
Прилеп

Семејството Тошески-Абрашески од Прилеп, три години ја чека судската правда, но велат случајот постојано се одолговлекува. Тие водат процес против д-р Мимоза Капетаноска која ја сметаат за виновна за смртта на нивната ќерка и сопруга Биљана, која починала при породувањето.

Семејството Тошески-Абрашески од Прилеп три години ја чекаат судската правдина. Низ судските лавиринти во постапка на која не и се гледа крајот, живеат со страшна болка и страдање, во неизвесност што им го одзема здивот, зашто нивната сакана, 34 годишната Билјана токму пред 3 години на денот на раѓањето на двете близначиња го загуби животот. Убедени дека гинеколот д-р Мимоза Капетаноска е виновна за смртта на Билјана, која исто така била доктор по професија, ја бараат правдината, но судот никако да ја финишира постапката. Судијата Ангеле Видески, кој што до неодамна го водеше спорот, се изземал со образложение дека обвинетата докторка, е матичен гинеколог на член на негово семејство. Веднаш потоа и сите прилепски судии се изземале од случајот. Адвокатот на семејството Кирил Мирчески реагира:

,,Требаше да се сослушаат последните сведоци и сметаме дека треба да бидат завршните зборови и конечно да се донесе одлуката,
И го молам министерот за правда Манески, да има правда за Билјана и за секого за вакво дело, во спротивно сами ќе судиме. Ако нема суд, како овој суд што е овде, што не сака да и пресуди, што се сите братучеди, што се сите поврзани заедно, роднини и пријатели и корумпирани
бидејќи овој предмет како што знаете трае веќе од 2006 година. Веќе се изменија двајца судии, и претходниот судија Ордан Митрески, кој е сега истражен судија, исто така се иззема баш во ситуација кога веќе сметаме дека доказната постапка беше целосно завршена."

Овој кор сокак во кој што повторно се најде случајот Тошеска-Абрашеска го зголеми револтот, но и резигнацијата на семејството. Предметот сега е пренесен и судењето ќе продолжи во Основниот суд во Битола. Но,според роднините на починатата судењето се пролонгира поради необјективни причини:

,,Беше повторно, на барање на докторката Мимоза, повторно вештачење и тоа вештачење покажа дека не постапила прописно. Ние бараме правдата да биде до крај истерана, да биде праведно и чесно судење."

Вели Цена Тошеска, мајка на родилката. Семејството за случајот ќе го информира Основниот суд во Битола, а писмени претставки ќе поднесе и до Републичкиот судски совет, министерот за правда, Врховниот суд, Антикорупциска комисија и Народниот правобранител.

,,И го молам министерот за правда Манески, да има правда за Билјана и за секого за вакво дело, во спротивно сами ќе судиме. Ако нема суд, како овој суд што е овде, што не сака да и пресуди, што се сите братучеди, што се сите поврзани заедно, роднини и пријатели и корумпирани."

обвини Лилјана Димоска, тетка на починатата. Во судот никој не сакаше да зборува на оваа тема. Доктор Мимоза Капетаноска, прочуен гинеколог во Прилеп сега со приватна практика беше обвинета од семејството за кривично дело: тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни, зашто родилката неколку часа по породувањето починала поради искрварување. Тогаш семејството одби да се врши обдукција, но подоцна побара да биде извршена ексхумација и започна судски процес. Според сопругот Рубин Абрашески, двете деца, синовите Андреа и Александар сега имаат полни 3 години и се во одлична здравствена состојба.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG