Достапни линкови

Мото-тура во Мариово


Прилеп
Прилеп

Мото-турата што се оддржа во Мариово, собра повеќе од 250 љубители на мотоциклизмот од Балканот, но и од други европски земји. Организаторите на манифестацијата и локалните власти во Прилеп велат дека настанот придонесува и за развој руралниот туризам.

Над 250 љубители на мотоциклизмот деновиве престојуваа во Мариово, еколошки најчистиот регион во Македонија. Летниот мото-камп кој годинава се одржува по втор пат во организација на прилепското здружение на љубители на мотоциклизмот„ Гардиан Енгелс„ анимираше мотоциклисти од сите балкански држави: Словенија, Србија, Босна, Хрватска, Бугарија, Австрија и Унгарија кои се дружеа, се запознаваа со убавините на мариовскиот крај, со природните богатства на нашата држава.

,,Ова ми е прв пат и овој пат одлучивме да дојдеме во пролет на почетокот на нашето патување, па потоа да почнеме овде, со ова рели. Се
Тежиме кон оној развој на мототуризмот во Македонија
надевам дека ќе биде перфектно, организацијата е супер. Заради друштво, заради забава, повеќе авантура. Доживување, уживање, импресија, се нешто."

Некои мотоциклисти велат дека по втор пат учествуваат во Мото-тура „Мариово„ и нема да пропуштат следна шанса. Според зборовите на организаторот оваа тура е можност и за развој на руралниот туризам воошто.

,,Запознавање на крајот, руралната средина која пружа, која дава, убавините на мариовскиот регион. Тежиме кон оној развој на мототуризмот во Македонија. Преставување на Македонија од оној друг агол на две тркала, така да оваа сезона, како и минатата ни се планирани преку „Хоризонт анлимитед„ светско здружение, да ги преземаме сите оние странци кои што преку интернет не контактираат. Ги преземаме и ги шетаме низ Македонија."

Вели Симеон Стојчевски, претседател на здружението. Градоначалникот Марјан Ристески, смета дека оваа тура во Мариово е во функција на развој на туризмот и мотоциклизмот како спорт, кој допрва ќе се развива во нашата држава.

,,Тоа значи уште еден дополнителен импулс за развој на она што значи селски туризам, па и овој вид на туризам моторџискиот туризам,
Тоа значи уште еден дополнителен импулс за развој на она што значи селски туризам
еден од најпознатите во Европа. И овие луѓе кога ќе заминат, ќе пренесат едно позитивно чувство и искуство од она што значи Македонија, она што значи Мариово и Прилеп. А ние од година во година се поголемо учество и како Локална самоуправа земаме заедно со невладината организација со организација на овој настан."

Во рамките на манифестацијата се одржаа низа забавни игри и натпревари, а во програмата беше предвидено возење низ убавите предели на Мариово и посета на повеќе населени места како и манастирот Свети Никола во село Манастир каде учесниците беа пречекани во духот на традицијата со македонско гравче.Моторџиите испратија и еколошка порака до сите посетители на овој предел:

,,Да се обрне внимание на околината и на луѓето. Ние можеме да загадуваме уште следните 100 години, но што ќе правиме потоа?"
Вели Бојан Јаношевиќ, учесник од Љубљана. Прилепското здружение се надева дека со либерализацијата на визниот режим почесто ќе организира мото-тури низ европските држави.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG