Политичарите во Србија, речиси без исклучок, постојано повторуваат дека Србија никогаш нема да го признае Косово. Дали зад таквиот единствен став на политичарите има и конкретна идеја за тоа што со Косово во иднина или пак е во прашање само политички прагматизам. Историчарот Никола Самарџиќ вели:
“Мислам дека денес е политички најпрофитабилно и најудобно да се даваат изјави дека Србија никогаш нема да го признае Косово”.
Хрватскиот професор Жарко Пуховски оценува дека зад таквото однесување на српските власти, не постои некоја политичка идеја, освен задржување на гласачкото тело.
“Според мене, тука нема програма, станува збор за симболички политички вредности, а кај такви вредности, компромисите не се можни”.
И Светлана Слапшак, професорка од Љубљана, за цврстиот став на Србија оценува:
“Тоа е една тврда и глупава политика и тоа е она со што србите како народ, односно како народ што ги слуша политичарите, не можат да се соочат, а тоа е дека Србија, во однос на Косово, е колонијална сила”.
Според нашите соговорници, друго прашање е дали Косово е независна и суверена држава, бидејки уште долго време ќе зависи од меѓународниот фактор. Во врска со шпекулациите за можна поделба на Косово, Жарко Пуховски смета дека тие не се реални, бидејки во тој случај би се отворило прашањето и за корекција на други граници во регионот.
“Според мое мислење, тоа не смее да се допира, па ќе се настојува да се замрзне сегашната ситуација во наредните десетина години, односно, се додека не дојде време за интегрирање во Европската Унија”.
Финскиот дипломат Марти Ахртисари, за време на престојот во Приштина повтори дека косовската независност е неповратен процес и ја исклучи можноста од отворање нови преговори за статусот.
“Многу е важно што работата е завршена во согласност со планот. Постигнат е напредок, но има уште многу работа. Србија и Косово секогаш ќе бидат соседи и соработката ќе биде неизбежна. Србија треба да ја прифати таа соработка”, изјави Марти Ахтисари.