Достапни линкови

Средба Обама - Меркел, главно за Блискиот Исток


Germany -- US President Barack Obama lays a white rose at the memorial of the former Nazi concentration camp of Buchenwald, 05Jun2009
Американскиот претседател Барак Обама, во рамките на посетата на Германија, го посети поранешниот нацистички концентрационен логор Бухенвалд. Претходно во Дрезден Обама разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, а како што изјавија на заедничката прес конференција, доминирал блиско-источниот мировен процес.
Germany -- Chancellor Angela Merkel and US President Barack Obama at a joint press conference in Dresden, 05Jun2009


“Претседателот Барак Обама имаше значаен говор во Каиро, кој може да биде појдовна точка за многу политички активности за мировниот процес на Блискиот и на Далечниот Исток. Затоа и ние разговаравме за хронологијата на тој процес”.

Изјави Ангела Меркел, додавајки дека тоа е поврзано и со загриженоста за иранската нуклеарна програма. Обама, оценувајки ги германско – американските односи како одлични, соопшти дека било разговарано и за можностите и Европската Унија да помогне во заворањето на Гвантанамо. Обама се осврна и на актуелната економска криза.

“Продолжуваме да работиме заедно во справувањето со глобалната економска криза и во обновувањето на развојот и просперитетот. Кризата не познава граници и ќе биде потребно време и заедничка акција за да се придвижиме напред”.

Рече Обама, кој од Германија, престојот во Европа го продолжува во Франција, каде што ќе присуствува на одбележувањето на 65 годишнината од денот Де во Нормандија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG