Хрватска и Словенија деновиве разменија пораки кои укажуваат дека двете страни и натаму се далеку од компромисно решение. Загреб ја повика Љубљана де ги деблокира хрватските претпристапни преговори со Европската унија и граничниот спор да се решава билатерално. Љубљана тоа го отфрли се додека Загреб не ги повлече документите со кои, како што се вели, ја прејудицирала заедничката граница. Спорот, всушност не е надворешно, туку внатрешно политичко прашање и тоа пред се во Слобенија, смета професорот по политички науки во Загреб Бранко Царатан:
,,Суштината е во тоа што ако словенечката влада и го довери спорот на некоја арбитража и ако таа донесе одлука што не и одговора на јавноста, тогаш владата ќе мора да падне. Од друга страна Хрватска не може да си дозволи никаква трговија со територијата. Таквата блокада може да трае многу долго. Ќе ве потсетам на односите меѓу Грција и Македонија околу името.,,
Вели Царатан. Со тоа се согласува и доктор Мате Граниќ кој додава дека словенечките барања не се ништо друго од алиби и политичка уцена:
,,Хрватска е подготвена да потпише, тоа беше француска иницијатива, дека ниту еден документ не влијае врз одлуката за разграничување, а Словенија тоа не го прифаќа. Тоа е само уцена и мала е шансата да дојде до договор.,,
Во ваков случај, според Царатан, единствена можност е да интервенира некоја трета страна. Тој притоа како охрабрувачка ја оценува турнејата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден на Балканот.
,,Таа покажува дека постои американски интерес за стабилизација на просторот на Југоисточна Европа и може да се очекува притисок врз Европската унија за да се обиде нешто да преземе.,,
Директорот на загребскиот Институт за меѓународни односи Младен Станичиќ потсетува дека предлогот на еврокомесарот за проширување Оли Рен кој го прифати Хрватска, но засега не и Словенија е понуден на принципот земи или остави:
,,Ако принципот земи или остави беше сериозен, тогаш Европската комисија сега би требало да најде начин за да ја присили Словенија да го земе понуденото или во спротивно да ја казни. Работата е сега меѓу Словенија и Европската унија.,,
Смета Младен Сатничиќ, додавајќи дека спорот меѓу Хрватска и Словенија станал голем проблем кој го доведува под прашалник и единството во рамките на Европската Унија.

Ако принципот земи или остави беше сериозен, тогаш Европската комисија сега би требало да најде начин за да ја присили Словенија да го земе понуденото или во спротивно да ја казни. Работата е сега меѓу Словенија и Европската унија ...