Достапни линкови

Влошување на човековите права поради економската криза


Во најновиот годишен извештај на Амнести Интернешнел, објавен денеска, се наведува дека глобалната економска криза силно ги погоди и човековите права, многу луѓе се небезбедни, онеправдани и без достоинство. Трката по профит влијаше на занемарување на проблемите со човековите права.

Претставувајки го извештајот, генералниот директор на Амнести Интернешнел, Ирена Кан оцени дека многу влади во светот не се грижеле за заштита на човековите права, па дури ни за зачувување на човечките животи, загрозени поради економската криза.
Amnesty International - Irene Khan, Secretary General of Amnesty International


“Би сакале да видиме поголема посветеност и одговорност на владите, бизнис лидерите и меѓународните финансиски институции во врска со човековите права. Нивните економско – финансиски стартегии мора да ги имаат предвид правата на луѓето на храна, на здравство”.

Кан додаде дека глобалната криза предизвика недостиг од храна, чиста вода, работа, домови за многу луѓе, што пак ја зголеми и ксенофобијата. Таа повика на обрнување поголемо внимание на сиромашните.

“Ние во Амнести Интернешнел веруваме дека во услови на економска криза, поголемо внимание треба да им се посвети на маргинализираните, на сиромашните”.

Инаку, во Извештајот на Амнести се наведува дека во Иран властите и натаму ги ограничуваат слободата на изразување, затвораат активисти за човекови права, вклучувајки ги и борците за правата на жените и на малцинствата. Во Авганистан, милиони луѓе биле тероризирани од талибанските милитанти, а владата во Кабул не успејала да воспоставу владеење на правото во повеќе делови од земјата. На систематска репресија биле изложени и тибетанците и жителите во муслиманските региони во Кина. Според Амнести, во Грузија, ланскиот конфликт резултирал со стотици цивилни жртви, илјадници повредени и околу 200 илјади расселени лица. За Русија е наведено дека законодавството за борба против екстремизмот е злоупотребено за замолчување на некои новинари и активисти за човекови права.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG