,,Доколку земјите како Иран се подготвени да ја ослободат тупаницата, ќе наидат на нашата раширена дланка,, изјави американскиот претседател Барак Обама, само една недела откако во јануари годинава ја презеде функцијата. Но, деновиве Северна Кореа одговори со удар. Изведе втора нуклеарна проба, прва од почетокот на мандатот на Обама. Според експертите, интензитетот на експлозијата била слична со оние што ги срамнија со земјата јапонските градови Хирошима и Нагасаки на крајот од Втората Светска војна. Во исто време иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека заврши времето на разговори со Запад за нуклеарната програма на неговата земја. ,,Нема да разговараме надвор од Меѓународната агенција за атомска енергија,, изјави тој. Сето ова предизвика бурни реакции во Вашингтон па дури и барања за поцврст американски одговор. Клучното прашање за Вашингтон е дали акциите на Северна Кореа и на Иран се рефлексија на нивната надворешна политика или пак се поврзани со домашни прашања. Ејдан Фостер Картер, експерт за Кореа на Универзитетот во Лидс, Британија смета дека главна цел на ваквите потези на Пјонгјанг е поврзана со наследникот на сегашниот лидер Ким Јонг Ил кој во минатата година претрпе мозочен удар:
,,Ова може да се смета за чудно однесување, но мислам дека објаснувањето е во тоа што тие сега сакаат да ја завршат многу деликатната работа околу наследникот. Тие ќе прават голема врева и ќе бидат милитантни за другите да ги остават на мир.,,
Вели Картер кој сепак не ја исклучува можноста Пјонгјанг конечно да се решил да стане нуклеарна сила. Како поинаку би можело да се протолкуваат најновите потези особено ако се знае дека Северна Кореа за својата нуклеарна програма постојано инсистира на директни разговори само со Вашингтон:
,,Ако Северна Кореа навистина го сакаше тоа сега, со новата администрација на Обама, вратата беше отворена. Воопшто не му требаше на Пјонгјанг да ја затвора со ракети и бомби.,,
Нејаснотии има и во врска со позицијата на Техеран. Иранскиот претседател Ахмадинеџад пред претседателските избори закажани за дванаесети јуни е соочен со предизвикот на реформистите и станува се понепријателски спрема Западот. Деновиве Обама изјави дека му дава на Техеран до крајот на годинава да одговори на понудата за заедничко решавање на проблемот. Причината за тоа, според експертите, е страхувањето во Вашингтон дека Иран се доближува до моментот кога ќе да дојде до нуклеарно оружје. Ахмадинеџад од своја страна изјави дека би сакал да разговара за ова со Обама во Обединетите нации доколку тој повторно биде избран за претседател. Таквата понуда само ја нагласува дилемата во која се наоѓа американскиот претседател. Да преговара или не?

Ова може да се смета за чудно однесување на Северна Кореа, но мислам дека можно објаснување е тоа што тие ќе прават голема врева и ќе бидат милитантни за другите да ги остават на мир додека не изберат наследник на лидерското место