Достапни линкови

Продлабочена соработка и покрај разликите


Џо Бајден и Борис Тадиќ во Белград
Џо Бајден и Борис Тадиќ во Белград
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден денеска во Белград по разговорите со Претседателот на Србија Борис Тадиќ изјави дека Вашингтон сака продлабочена соработка со Белград и дека американската администрација силно го подржува членството на Србија во Европската Унија.

Соединетите Држави силно го подржуваат членството на Србија во ЕУ и продлабочувањето на безбедносната соработка на Србија со Соединетите Држави и сојузниците. Ке го искористиме нашето влијание за промоцоија на српските евро-атлански аспирации.
Вашингтон ке ги промовира српските евро-атлански интеграции


изјави Бајден, додавајки дека членствотго во Унијата не се условува со српското признавање на Косово. Американскиот Потпретседател исто така изрази очекување и дека Србија ке стори се за да ги изведе пред лицето на правдата обвинетите од Хашкиот трибунал за воени злострорства. Српскиот Претседател Борис Тадиќ пак изјави дека Србија никогаш нема да го признае Косово и дека ке го брани својот суверенитет по мирен пат. Тадиќ од друга страна го истакна интересот на Србија за целосно ново ниво на комуникација со Соединетите Држави.

И покрај различните ставови за Косово, Србија сака најдобри можни односи со Соединетите Држави.
И покрај разликите за Косово Србија сака најдобри односи со САД


Последната станица на американскиот Претседател Џозеф Бајден на регионот е Приштина. Се очекува тој на Косово од лидерите на албанското мнозинство да побара да изградат функционална и ефективна држава и да ги заштитат правата на малцинствата, посебно на српското. Американскиот потпретседател Џозеф Бајден вчера во Сараево, укажа на ангажираноста на Соединетите Држави во регионот, и порача дека вратите на Европа и НАТО се отворени за балканските земји. Бајден ја спомена и Македонија нагласувајќи дека земјата ќе биде дел од Алијансата по решавањето на спорот со името. Во обраќањето во босанскиот парламент тој порача


“Актуелната американска администрација Обама-Бајден ќе остане доследна на американската политика за целовита и слободна Европа, а тоа ве вклучува и вас. Вратата е отворена за земјите од овој регион, а САД ќе ви помогне да влезете низ таа врата. Во април шефовите на земјите членки на НАТО го поздравија приемот на Хрватска и Албанија во НАТО, и Македонија наскоро ќе се придружи кон НАТО штом се реши спроот со Грција околу името.“

изјави американскиот потретседател Џозеф Бајден.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG