Достапни линкови

Џо Бајден - И Македонија наскоро во НАТО


Потпретседателот Бајден во Сарево
Потпретседателот Бајден во Сарево
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден денеска во Белград на разговорите со Претседателот на Србија Борис Тадиќ, со премиерот Мирко Цветковиќ и министерот за одбрана Драган Шутановац ќе се обиде да го притисне копчето за ресетирање односно за обнова на односите меѓу Соединетите Држави и Србија.

“Соединетите држави сакаат да изградат нови и здрави односи со Србија. Не е тајна дека јас бев критички настроен како сенатор во минатите години. Ние сакаме нови и позитивни односи со Србија”.

Изјави американскиот потпретседател. Односите Вашингтон – Белград минатата година дополнително се влошија по подршката на Вашингтон на независноста на Косово. Токму затоа на посетата на Бајден на Србија се гледа како на критична точка за намалување на тензиите во регионот.
Србија 19.05 - протести против посетата на Бајден

“Ние не очекуваме Србија наскоро да го признае Косово. Но ние очекуваме Белград да соработува со Европската Унија и другите меѓународни актери за на Косово и да бара прагматично решение за подобрување на животот на своите луѓе, Србите и Албанците и да одбегне да ги прави жртви на политички несогласувања”.

Последната станица на американскиот Претседател Џозеф Бајден на регионот е Приштина. Се очекува тој на Косово од лидерите на албанското мнозинство да побара да изградат функционална и ефективна држава и да ги заштитат правата на малцинствата, посебно на српското. Американскиот потпретседател Џозеф Бајден вчера во Сараево, укажа на ангажираноста на Соединетите Држави во регионот, и порача дека вратите на Европа и НАТО се отворени за балканските земји. Бајден ја спомена и Македонија нагласувајќи дека земјата ќе биде дел од Алијансата по решавањето на спорот со името. Во обраќањето во босанскиот парламент тој порача


“Актуелната американска администрација Обама-Бајден ќе остане доследна на американската политика за целовита и слободна Европа, а тоа ве вклучува и вас. Вратата е отворена за земјите од овој регион, а САД ќе ви помогне да влезете низ таа врата. Во април шефовите на земјите членки на НАТО го поздравија приемот на Хрватска и Албанија во НАТО, и Македонија наскоро ќе се придружи кон НАТО штом се реши спроот со Грција околу името.“

изјави американскиот потретседател Џозеф Бајден.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG