За пополнување на празнината во македонската специјалистичка ветеринарна литература и допринесување за развојот на офталмологијата кај малите месојадни животни, кумановецот Др по ветеринарна медицина Марјан Ралиќ,специјалист за болестите кај малите животни, неодамна ја објави книгата „Офталмолошка дијагностика на кучиња и мачки“. Оваа е прирачник за ветеринарните лекари и за студентите по Ветеринарна медицина од завршните години. Зошто се одлучил за оваа област од ветерината,Др Ралиќ раскажува
Ветеринарната медицина за домашните миленици е во подем,за разлика од крупните,фармските и животните на село, која е на многу ниско ниво.
Тој додава дека и домашните миленици заболуваат од очните болести,како што е влегување страно тело,алергија,конјуктивитис и слично.
А книгата пак смета дека на ветеринарните лекари и на студентите по ветеринарната медицина ќе им биде од голема полза.
Прирачникот е поради тоа што последниот ваков прирачник на просторите на поранешна Југославија е издаден во 1964-та година.Особено по осамостојувањето на македонија и по формирањето на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје постои хроничен недостаток на литература за студентите. Ова е мој прилог за развојот на ветеринарната медицина и за проблемите кај очните болести на домашните миленичиња.
Др Ралиќ вели дека најголема помош и соработка имал од еминентни стручњаци од оваа област и додава:
Соработка имав со мојот ментор Проф. Др Југослав Васиќ од Белград и Проф. Др Магдалена Антова Велевска од Медицинскиот факултет во Скопје.
Како ветеринарен лекар со 16-годишно ординирање,како член на Ветеринарите по мала пракса на Србија, на Европската асоцијација на ветеринарите и на Светското здружение на ветеринарите кои работат со мали животни, во континуитет се едуцира и ги следи сите едукативни предавања од оваа област.Од таму, др Ралиќ за ветеринарната медицина кај нас забележува:
Тие се на повисоко ниво. Кај нас е финансиска криза,незаинтересираноста на колегите за доедукација,а и ветеринарите не можат да го наплатат ниту обичниот преглед, а не специјалистички. И помалку се чуваат домашни миленичиња во однос на другите земји.
Иако значаен за ветеринарната медицина овој прирачник на македонски јазик, за неговото издавање др Ралиќ бил препуштен самиот на себе. Тој вложил големи напори не само неговата подготовка, туку и во обезбедување средства за негово објавување. Сепак желбата на Др Ралиќ за развојот на македонската ветерина можеби во блиска иднина ќе изнедри уште прирачници кои ќе им ја олеснат работата на неговите сегашни и идни колеги.