Достапни линкови

Косово член на ММФ


Експертите оценуваат дека од членството во ММФ, Косово ќе има повеќекратна корист. Станува збор за поголема сигурност, за подобрување на имиџот и за довербата на странските инвеститори да вложуваат на Косово. Гувернерот на Централната Банка на Косово Хашим Реџепи изјави дека улогата на ММФ е многу важна за макроекономската стабилност на Косово.

“Централната Банка добиваше разни видови техничка помош во подигнувањето на своите капацитети и изработката на закононите. Сега се ќе биде официјално како равноправнен члан на ММФ. Фондот законски ке може да се вклучи во развојната политика и да нуди натамошна техничка подршка”,

изјави Реџепи, додавајки дека членството носи и обврски. Експертот по економија Мејди Бекташи смета дека членството во ММФ за Косово има политичка и економска тежина.

“Членството на Косово во ММФ и Светската Банка создава можности за добивање кредити и привлекување инвестиции. Кредите ќе ги искористиме за отворање нови работни места и економска стабилност”.

Како што пренесува печатот, министерот за економија Ахмет Шаља изјави дека Косово ќе биде равноправно со сите други држави членки на ММФ. Тој додаде дека со чланството во ММФ ќе ја отвори вратата за влез на Косово и во Светската Банка.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG