Достапни линкови

Прилепската болница пред распаѓање


Болницата во Прилеп
Болницата во Прилеп
Прилепската болница едвај ја одржува хигиената во објектот каде просечно месечно се лекуваат околу 17000 амбулантски и над 1000 хоспитализирани пациенти чие здравје може дополнително да се доведе во опасност зашто постои сериозна закана од појава на интрахоспитална инфекција. Менаџерите стравуваат и дека состојбата може да се усложни поради опасноста од појава на пандемија од свински грип. Коренот на проблемот се 6-те вертикали од санитарните јазли кои се во катастрофална состојба. А, во болницата се лечат пациенти од поширокиот регион на Прилеп, Крушево, Македонски Брод и помалите општини Кривогаштани и Долнени.

Лоши услови во болницата во Прилеп"Со оглед на тоа што потенцијално епидемија на грип може да дојде во согласност со светската пандемија, сите оние слаби точки што ќе бидат во рамки на здравствениот систем се потенцирани уште повеќе.,,


Истакнува д-р Бојан Ристески, директор на болницата. Проблемот со санитарните јазли во прилепската болница е актуелен со години,но сега состојбата е алармантна.Во сите болнички одделенија тече вода од таваните на тоалетите,има паднати ѕидови, плочки, од едниот спрат се изѕира другиот,едноставно не се исполнети ниту елементарните услови на овој значен дел, колку за одржување на хигиената на
Толку е лоша состојбата, што постојано се случува да правиме големи напори за да не дојде до развој на некаква интрахоспитална инфекција
пациентите, толку и на самиот објект.

,,Толку е лоша состојбата, што постојано се случува да правиме големи напори за да не дојде до развој на некаква интрахоспитална инфекција. План, проект и подготовка од наша страна е направен. Дадени се тие планови на рака на Министерството за здравство и како предлог за инвестиционо вложување на Фондот за здравствено осигурување. Очекуваме дека сериозно ќе бидеме сфатени."

Вели д-р Ристески.Според раководството на болницата за санирање на проблемот се потребни 250.000 евра. Болницата очекува и дека од Фондот ќе добие зголемување на месечната дотација.

,,Реално услугите кои ги испорачува оваа болница спрема пациентите во многу се разликуваат во позитива во односна проекцијата коај беше направена на Нова година. Очекуваме да отприлика 20 % во однос на моменталниот буџет со кој работиме да биде зголемен."


На барањето, се уште одговор нема. Но, со оглед на опасноста од појава на свински грип од Министерството најавуваат дека ќе се врши надзор врз сите здравствени објекти во државава и таму каде што има реална потреба ќе се интервенира.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG