Достапни линкови

В недела се оддржува Скопскиот маратон


Скопје
Скопје
Македонското маратонско трчање ги прави почетните чекори, но в недела ќе биде во центарот на вниманието во меѓународни рамки. Заслугите за тоа се на Скопскиот маратон, кој од оваа година покрај полумаратонска, ќе има трка и на најдолгата патека, од 42 километри и 195 метри, со што стана член на Асоцијацијата на меѓународни маратони. Тоа е факт за гордост на сите кои се дел од македонската атлетика и кои очекуваат ова да биде иницијална каписла за придвижување на работите кон подобро.

„Меѓународна трка е и ќе дојдат повеќе учесници, бидејќи атлетиката не е многу развиена во Македонија, и ова ќе биде поттик за нејзин развој овде.“

Вели нашиот најдобар маратонец Трпе Мартиновски.
Слични се очекувањата и на организаторот од каде што со гордост се најавува списокот на учесници, меѓу кои има и познати атлетски имиња кои победувале на маратонот што беше возобновен пред две години на иницијатива на европретставникот во нашата земја, Ерван Фуере.

„Вкупниот паричен награден фонд е 10 илјади евра, од кои што победниците во машка и женска категорија ќе добијат по 1 700 евра.“

Изјави спортскиот директор на маратонот, Кире Синадиновски, кој очекува споменатата бројка до недела да биде уште поголема поради тоа што и годинава овој спектакл ќе претставува државно првенство за македонските маратонци. Меѓу нив прв фаворит
Меѓународна трка е и ќе дојдат повеќе учесници, бидејќи атлетиката не е многу развиена во Македонија, и ова ќе биде поттик за нејзин развој овде
останува Мартиновски, кој триумфираше на неделната трка на 10 километри, па сега се очекува да се покаже и во меѓународни рамки. Според него, не треба да се очекува висок пласман, но ова е добра прилика за проверка на можностите во многу посилна конкуренција и на натпревар во кој самото пристигнување на целта претставува подвиг сам за себе. Затоа и организаторот, покрај паричните, подготвува посебни награди.

„До сега пријавени има околу 150 учесници во двете главни трки. Пријавени се минатогодишните победници во машка и женска категорија, кои доаѓаат од Молдавија и од Србија, а најавено е учеството и на победникот од полумаратонот што се оддржа пред две години, моллдавецот Јарослав Мушински.“

Додаде Синадиновски.
Инаку, покрај двете главни трки, чие времетраење е ограничено на 5 часа, в недела по улиците на Скопје ќе има и рекреативна на 5 километри, како и натпревар на 2.000 метри на кој ќе настапат основците.
XS
SM
MD
LG