Достапни линкови

Девицата Марија ја спасува сезоната


Плажа - Макарска
Плажа - Макарска

"Јас пишував дека Далмација не живееше, ниту во социјализам, ниту во капитализам, туку во туризам".

вели познатиот хрватски новинар Миљенко Смоје.Под категоријата туристичко општествено уредување Смоје го става фактот што на островите и далматинскиот брег луѓе беа или и натаму се вработени во општествен секотор а истовремено се занимаваа со туристички бизнис. Сегав повторно криза во туризмот во Далмација како за време на војната во 90 тите. Имено секој економски или политички потрес, не само во соседството туку и во светот има влијание врз туризмот во Хрватска.Така беше 1996 и 1997 кога немаше речиси никого на хрватските јадрански плажи, а сега владее стравот да не се повтори истото и тоа баш сега кога лани туризмот го постигна речиси можниот максимум во Хрватска. Поради рецесијата оваа сезона се очекува пад од 10 насто што е значаен удар врз хрватската економија.
Сплит


"Слаба бидејки букингот е слаб. Но ќе преживееме без туризмот и како и порано ке се фатиме за мотиката и маслинките".

вели Звонко кој изнајмува соби во Брист – Макарска. Земјоделието за некого можеби ке биде спас но не сите имаат земјиште. Но додека во Далмација владее песимизам погледот од странство е по оптимистичен. Чехот Јозеф Пивничка вели дека не забалежува никакав рецесија.

"Не гледам рецесија. Се е исто како кога бев и пред 6 месеци. Се работи и луѓето се готват за престојните туристи. За мене нема разлика".

Пивничка смета дека барем што се однесува до чесите тие и годинава традиционално ке одат на Јадран. Кому да му се верува е друго прашање. Слободна Далмација на насловна страница на тема туризам напиша ,, Девицата Марија ја спасува сезоната,,
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG