За многу скоро време во центарот на Битола ќе дојава античкиот македонски владетел Филип Втори, основачот на Хераклеја Линкестис, град претходниик на Битола од 4 век пред нашата ера. По толку долго време општинската власт одлучи да му се заблагодари за тоа на начин што во срцето на градот ќе постави негов споменик излеан во бронза, висок над 8 метри, на кого Филип е прикажан како коњаник. Иако ова е година на рецесија, општината не само што нема да се откаже од споменикот, туку околу него ќе изгради цел меморијален комплекс со фонтана во форма на кралискиот штит и други работи. Градоначалникот Владимир Талески смета дека се работи за едно пријатно катче кое во иднина ќе привлече многу посетители.
„Идејното решение кое, значи на едната страна од споменикот ќе биде мечот, на друга страна кралскиот венец, а на трета заштитниот шлем на кралот и штитот. Тоа ќе биде еден цел комплекс симболично уреден во знакот на самиот крал. Со постаментот и споменикот одамна имавме завршено, но сакавме партерно да го уредиме целиот тој дел. Ќе има прекрасна атракција тука, нешто исклучително, какво што немаат другите градови.“
изјави Талески.
Талески ќе открие колку пари потроши општината за изградба на комплексот, откако ќе биде готов. Поставувањето на Филип Втори во центарот на градот ја разбранува битолската јавност. Насместо споменици, граѓаните бараат фабрики.
„Не рани куќа тоа ништо. Не е ништо тоа. Тоа е штета. Ги жалам младите од што ќе живеат на знам. Слушам сточарството губи, шумарството губи, земјоделието губи, увоз-извоз немаме, фабрики нема, а споменици ми градат.“
„Кои пари ги арчат. Нашите пари се арчат. Не дават од нивните.“
„Споменикот што се прави е убаво, но власта треба да води сметка за граѓанството.“
„Да видиме што фабрика направија. Споменикот чини 700 илјади евра. Фабрики треба да се прават да се врaботи младината, народот, а не вакви работи да се прават.“
Во Битола има над 19 илјади невработени. Се уште не профункционира индустриската зона со странски инсвестиции, за која општината пред 4 години вети дека економски ќе го препороди градот со нови вработувања.
Тоа ќе биде еден цел комплекс симболично уреден во знакот на самиот крал
„Идејното решение кое, значи на едната страна од споменикот ќе биде мечот, на друга страна кралскиот венец, а на трета заштитниот шлем на кралот и штитот. Тоа ќе биде еден цел комплекс симболично уреден во знакот на самиот крал. Со постаментот и споменикот одамна имавме завршено, но сакавме партерно да го уредиме целиот тој дел. Ќе има прекрасна атракција тука, нешто исклучително, какво што немаат другите градови.“
изјави Талески.
Талески ќе открие колку пари потроши општината за изградба на комплексот, откако ќе биде готов. Поставувањето на Филип Втори во центарот на градот ја разбранува битолската јавност. Насместо споменици, граѓаните бараат фабрики.
Фабрики треба да се прават да се врaботи младината, народот, а не вакви работи да се прават