Седумдесетгодишниот брачен пар, Стевка и Целе Бозоски од прилепското село Бела Црква својата четиричлена семејна заедница ја издржуваат со труд, пот и мака. Со години од утро до мрак работат по нивните, ораат, сеат, садат.. И не се жалат, зашто ги одржува надеж и верба дека на крајот од сезоната ќе заработат некој денар за посреќен живот. Така било досега, скромно, мачно, аргатски врзувале крај со крај. Но, годинава велат од лошо-полошо. Цело производство на кромид, стотици килограми калираа, стотици други им скапуваат во дворот, огромни количества се изртени, па гневни на земјоделската судбина го товараат тракторот и пак мачни заедно двајцата го фрлаат родот во селската депонија. Солзи им светкаат во очите, колку од тага, толку од гнев, што велат чесно работат, а сега немаат пари за да преживеат, зашто Владата не презеде навреме мерки да обезбеди организиран пласман на кромидот.
„Во март го сееме расадот,потоа во мај го расадуваме, го вадиме, го плевиме, го прскаме, касови, тарани што не тураме, каков не мастраф ставаме. И во септември го коренеме,за вака да го исфрлиме во зимата. Никој не го откупи, никој не не праша. Владата никако.“
Се жалат Бозоски. Својата земјоделска тешка судбина ја делат со над 500 други соселани. Наместо со радост да ја организираат пролетната сеидба, сите се крајно незадоволни, разочарани, зашто велат дочекаа парите наместо во храна, богата трпеза, облека и набавка на посовремена механизација, сега да им исчезнуваат пред очите, таму каде што гние кромидот, каде што скапува, крај селската река на депонијата, каде што кравите, овците и селските кучиња прават шеталиште газејќи го нивниот род.
„Сто посто, тоа е штетата, извадивме околу 25 тона. Што дадовме ништо, по 3 динари 5 тона дадовме и толку. Дали се тие пари, дали можам да преживеам. -Двесте и педесет илјадарки требаше да ги имам в џеб. -И сега ние не знаеме по кој пат да тргнеме. Пари треба за каса, пари треба за орање, пари треба за дете да облече фанела.“
Реагираат земјоделците. Сите се едногласни во обвинувањата: Владата и ресорното министерство не презеле ништо.
„Ни донесоа некој си Израелец, па беше голема катастрофа, голема лага за нас земјоделците. Пред минатите избори заменик премиерот Ставревски беше тука и ни вети дека-„Ваша должност е да произведувате„. Имавме средба со заменик министерот за земјоделство и тој ни вети дека за сето фрлено производство ќе ни исплати од 2-3 денари за килограм за кромидот, ама моментално кромидот е исфрлен, а немаме никакви сериозни знаци за исплата.“
Обвинуваат земјоделците. И во Бела Црква, Бучин, Крушеани и Воѓани скапуваат илајдници тони кромид. Реколтата пропадна. Земјоделците останаа без пари, без егзистенција. Очите и надежите сега им се свртени кон Владата. Годинава велат максимално ќе го ограничат производството, зашто оставени сами на себе, без соодветна аграрна политика, не знаат како натаму.
Пред минатите избори заменик премиерот Ставревски беше тука и ни вети дека-„Ваша должност е да произведувате„. Имавме средба со заменик министерот за земјоделство и тој ни вети дека за сето фрлено производство ќе ни исплати од 2-3 денари за килограм за кромидот, ама моментално кромидот е исфрлен, а немаме никакви сериозни знаци за исплата