Достапни линкови

Закана од глобална епидемија од нов вирус


Мексико - Здравствени работници
Мексико - Здравствени работници
Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести по денешната вонредна седница посветена на појавата на новиот тип на вирус во светски рамки, соопштија дека се преземаат потребните превентивни мерки со проверка на сите патници кои доаѓаат од американскиот континент и ветеринарна контрола на свинското месо. Македонските здравствени институции сооштуваат дека се подготвени да одговорат на предизвиците. Светската здравствена организација изрази загриженост за можност од глобална епидемија, поради појавата на нов тип на грип, од кој досега во Мексико се претпоставува дека починале околу 80 лица, а илјада се заразени. Светската организација ги повика сите земји интензивно да ги следат необичните појави на болест, сличен на грип и теш
Светската здравствена организација предупреди на можност од глобална епидемија поради појавата на нов тип на грип
ко воспаление на белите дробови. Така наречениот ,,свински грип“ А/Х1Н1 е регистриран и во Соединетите Држави. Досега се забележани 11 случаи во Калифорнија, Канзас и Тексас, и меѓу осум ученици од Њујорк. Генералниот директор на Светската Здравствена Организација Маргарет Чан изјави:

„Во овој момент многу е важно сите земји да работат со Светската Здравствена Организација за засилена контрола, за да знаеме точно дали оваа нова болест која предизикува инфекции меѓу луѓето, ја има и во други земји освен Мексико и Соединетите Држави.“

изјави Чан. Инаку властите во Мексико ги затворија училиштата, музеите, библиотеките, театрите, за да се спречи евентуалното ширење на вирусот. Мерките се однесуваат на главниот град Мексико Сити, во кој живеат 20 милиони луѓе, како и на мексиканската држава Сан Луис Потоси, која после главниот град е најпогодена од епидемијата. Во Нов Зеланд во карантин се сместени 25 ученици по неодамнешната посета на Мексико. И здравствените претставници во Франција соопштија дека откриле два сомнителни случаи на инфицираност со вирусот меѓу патници, кои што престојувале во Мексико.
XS
SM
MD
LG