Достапни линкови

,,Александар“ во режија на Љубиша Георгиевски во Драмски Театар


Скопје
Скопје
По нецели три месеца од поставувањето на Свето писмо во Македонскиот народен театар, Љубиша Георгиевски, режисер, поранешен Претседател на Собранието и актуелен уметнички директор во нашата најстара театарска куќа, еве го со нова праизведба. Овојпат на сцената на Драмски театар го потпишува Александар – агонијата во шест слики, сопствениот текст за кој истакнува дека четири години го чувал во фиока, а во последниве две го автоцензурирал и го доработувал за да излезе на виделина. Притоа тој наведува дека додека во некои архитекти Атина се бунат против поставување на постамент на Александар Македонски поради поразот кај Херонеа, тој на овој начин си наоѓа засолниште во Драмски театар и ние отсега ќе го имаме и како споменик во форма на театарска претстава.

„Несомнено е дека Александар е историски ,,супер стар“, а дали ќе стане и драмски ,,супер стар“ ќе видиме во сабота во Драмски. Ние сите сме убедени дека ќе стане и затоа ќе ја дигнеме завесата со еден посебен третман.“

истакнува Георгиевски.
Ликот на Александар во претставата го толкува актерот Дејан Лилиќ. Тој вели дека се обидел да го претстави пред се како жив човек кој го носи во себе и европското и азијатското, во кого има бројни спротивности.

„Како што не сме способни да разбереме некои стадиуми на општества, мислам дека Александар е во тоа пред времено, пред луѓето.

Олимпија, пак, ја игра актерката Јелена Жугиќ, која за процесот на работа ќе рече:

Апсолутно ние во онаа претстава не се бавиме со памфлети, со македонштината, со антиквизацијата меѓутоа она искреното чувство на патриотизмот е голема придобивка од текстот, од начинот на кој режираше професорот и голема придобивка од нашата соработка.“

Ѓорѓи Јолевски, овојпат како гостин во Драмски театар, се појавува во улогата на Аристотел – Александровиот учител, и за поставката ќе забележи.

„Се обидовме својата енергија да ја профилираме низ многу добро дефинирани ликови кои што се многу живи.“

Инаку, Георгиевски во Драмски театар режира по цели 10 години од поставувањето на Јованка Орлеанка, а запрашан за можните јавни реакциите по праизведбата на Александар вели:

„Автор кој води сметка додека пишува, или режира или глуми, за тие критериуми, тој неможе да се нарече автор.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG