Со приближно 30.000 гласови Марјан Ристески,кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освои уште еден градоначалнички мандат во Прилеп. Довербата на прилепчани е очигледна и од анализата на структурата на општинскиот совет. Од вкупно 27 советници, повеќе од половината поточно 14 се од редовите на владеачката партија. За градоначалникот Ристески оваа е историска изборна победа, но и голема обврска пред граѓаните во насока на целосна реализација на најавените проекти:
„Имам втор мандат на позицијата градоначалник на општина Прилеп, со што се покажа дека навистина граѓаните ги ценат резултатите во минатиот период од 4 години. И тоа не е само една голема победа, тоа е една голема обврска во наредниот период да работиме уште повеќе, да постигнуваме уште поголеми резултати и проекти во интерес на сите граѓани на градот Прилеп. Едноставно да ја реализирање онаа програма што ја понудивме пред граѓаните.“
Вели Ристески. Но, од опозиционата СДСМ огромни забелешки. Тврдат постигнатите изборни резултати се дело на силниот притисок и заплашување на владеачката партија во сите сегменти на јавната администрација.
„Се вршат страшни притисоци поготово врз делот на луѓето во јавната администрација каде што е навистина многу големо гласачко тело, каде што е вршен страшен притисок дека мора да гласаат за владеачката партија.“
Вели Горан Сугарески, претседателот на општинската организација на СДСМ. Од таму забележуваат на низа нерегуларности во гласањето кои веќе се доставени до Државната изборна комисија, но сепак се со оценка:
„Генерално земено значи имавме коректни избори, немаше проблеми, со исклучок на 2 -3 избирачки места каде што имаше неправилности. Едното е населеното место Канатларци каде што имавме јавно гласање. Исто така и низ неколку места низ градот, имаше јавно агитирање.“
За кандидатот на СДСМ м-р Тони Петрески гласаа околу 10.000 граѓани, а најмалку доверба доби Никола Апостолоски, кандидатот на Вмро-Народна партија со околу 1400 гласови. Според податоците рејтингот на Вмро –Дпмне меѓу прилепчани расте континуирано.Во овој изборен циклус, градоначалникот Ристески доби 10.000 гласови повеќе од колку пред 4 години, а СДСМ 3000 гласови помалку во однос на минатогодишните избори.