Околу 2000 домакинства во Прилеп го изгубиле правото на социјална парична помош, што ја добивале со години. Така ако во декември 2006, социјална помош користеле 5700, годинава социјално загрозени статистички гледано се 3800 семејства. Што значи дека од државниот фонд сега се исплаќаат околу 8 и пол или два милиона денари помалку во споредба со периодот од пред две години:
„Тоа значи дека имаме едно значително намалување од 2 000 корисници, а тоа е резултат на повеќе фактори. Прво зајакната контрола, понатаму зајкната контрола во врска со потребната документација, потоа голем е бројот некаде околу 500-600 корисници кои неповеле или пак имаат право да наследат дел од недвижниот имот од нивните покојни родители.“
Вели Снежана Јованоска, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.Ваквите резултатите посочуваат од центарот се последица на постојаната соработка со Агенцијата за вработување, МВР и Управата за јавни приходи, кои постојано алармираат за секоја настаната промена на движен или недвижен имот на корисниците. Но, незадоволни се и многу од досегашните корисници, тие се жалат дека неправедно им е скратено правото на социјална парична помош, а не е редок случај, дел од нив да се борат и натаму за гола егзистенција.
„Струја доаѓа, вода доаѓа сите бараат да се плати понешто, ама ние немаме да платиме.“
„Со три деца сум, сеуште немаме купено книги, од каде.“
реагираат дел од поранешните корисници кои инсистираат на анонимност. На ова од Центарот со одговор:
„Можеби некои семејства на овој начин се оштетени, но со документацијата и законот не се. Бидејќи од она што е доставено, ние неможеме да тврдиме дали тој податок е точен или не.“
Истакнува Јованоска.Во центарот велат дека во конкретни случаи, се определува парична помош за да може оштетеното семејство да поведе оставинска постапка со која ќе го отстрани пропустот и ќе докаже дека не поседува никаков имот, но исто така тврдат дека оние корисници кои не ги пријавиле навреме промените им се прекинува правото со казна од 24 месеци, а ке се бара и да ги вратат парите што ги користеле незаконски.