Достапни линкови

Македонија полека се одалечува од НАТО


60-годишнината од основањето на НАТО, во Стразбур ќе се слави со шампањ, а потоа зад затворена врата, лидерите на земјите членки ќе решаваат за иднината на Алијансата. Но, не се очекуваат некои крупни одлуки, оценува Брус Џексон. Во врска со преспективите на Балканските земји за членство во НАТО, Џекосн оцени:

“Македонија, последната земја останата во Акциониот план за членство, нема да биде поканета, повторно, поради противењето на Грција. За нејзината кандидатура нема да се расправа и ништо не е направено да се постигне прогрес, па Македонија полека се одалечува од НАТО. Црна Гора го комплетира интензивниот дијалог и аплицира за Акционен план за членство. Но, нејзината апликација ќе биде ставена во фиока извесно време. Србија и Босна не направија прогрес кон НАТО и се движат кон изолација”.
Македонија нема да биде поканета, повторно поради противењето на Грција, не е направен прогрес, па Македонија полека се одалечува од НАТО


Џексон додава дека Србија се доближува до Русија, а Босна се движи кон национална дезинтеграција. Европа, ги затвори вратите и за Грузија и Украина, што не е добро, па целта за проширување на НАТО е заробена на Балканот и целосно пропадната на Исток. Брус Џекосн и со критики за однесувањето на Алијансата по августовската војна меѓу Грузија и Русија.

“НАТО, очигледно не играше никаква улога. Но, има импликации врз одбрамбеното планирање, посебно во Балтичките држави. Нема НАТО планови за одбрана на Балтикот, дури и 6 месеци по војната во Грузија, а тоа не се карактеристики на воена алијанса”, oценува Џексон.

Од друга страна и Русија со внимание ги очекува одлуките од престојниот самит на НАТО, по што, како што изјави денеска рускиот амбасадор во НАТО, Дмитриј Рогозин, Москва ќе завземе став во врска со идната соработка со Алијансата. На Русија не и се допаѓа идејата за глобализација на НАТО, односно за создавање еден вид Лига на демократии кои би интервенирале против некоја држава која оди по погрешен пат, изјави Рогозин.
Дмитриј Рогозин - Руски амбасадор во НАТО


“Суштината на тој концепт, туркан не само од господин Дилдер, предложен од Обама за американски претставник во НАТО, туку и од други претставници на Западот, е дека Обединетите Нации не се организација која може да ги решава модерните кризи, бидејки, демократските земји треба да работат заедно со недемократски, како Москва и Пекинг, кои ги блокираат важните одлуки во Советот за Безбедност”, Изјави Рогозин.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG