Достапни линкови

Прилепските земјоделци разединети


Новата земјоделска асоцијација чие основачко собрание според најавите ќе се одржи на 21- овој месец,уште повеќе ги подвои ставовите на прилепските земјоделци. Дел од нив се убедени дека Федерацијата на фармери воопшто не ги штити нивните интереси, а друг дел сметаат дека фракционерството и се поголемата расцепканост на земјоделците само ги намалува можностите за остварување на нивните цели и потреби.

Од земјоделското здружение Клас, каде членуваат стотици земјоделци од Прилепско се убедени дека само во новата асоција ќе ги остварат своите права. Тие ја обвинуваат Федерацијата за маргинализација на многу земјоделски гранки особено полјоделството, а последица на тоа се велат штетите кои во континуитет ги трпат производителите. Затоа тврдат приоритет на новата асоцијата ќе биде исплата на парите на млекопоризводителите од Сведмилк и решавање на нивниот статус, а потоа исплата и на целата предвидена стимулација за тутунот:

„Околу 14 илјади килограми е откупен тутун, а додека се предвидени за 16 милиони килограми стимулација по 45 денари. Тоа значи тие два милиони килограми по 45 денари, да бидат наново распределени на самите тутунопроизводители.“

вели Перо Стојкоски,претседател на „Клас„. Од Сојузот на тутунските здруженија пак се против секое подвојување на земјоделците. Тие сметаат дека и покрај законското право на земјоделците да се самоорганизираат, со формирање на нови здруженија се оддалечуваат од можноста за остварување на нивните цели и барања до откупните фирми, Министертсвото и Владата.

„Ново формираната асоција на земјоделци и тие да влезат во склопот на Федерацијата, па ако мислат дека можат да покажат и докажат дека се стварно подобри од нив, нека докажат откако ќе се инволвираат во истата, а не што повеќе организации толку полошо за земјоделците.“

вели Данчо Милески-претседател на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија. Во Сојузот се со оценка дека Федерацијата ги остварува и штити потребите и досега се остварени низа бенефиции за земјоделците.
А, не е мал бројот на производители во регионот кои воопшто немаат доверба во здруженијата и сметаат дека двете асоцијации имаат политичка боја, дека приоритет им е остварување на интересите на оние луѓе кои се во врвот, а не и на производителите кои сериозно се занимаваат со земјоделство и се борат за живот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG