Американската администрација ќе настојува да создаде ситуација во Босна и Херцеговина, заснована врз план, кој ќе биде замена за Дејтонскиот Договор. Притоа, немаат намера повторно да се менуваат границите, на пример, Херцеговина да и се даде на Хрватска или Република Српска на Србија. Но, проблем е што не можат сите да бидат задоволни, оценува британскиот аналитичар Пол Бивер. Како и да е, американците би сакале да го средат Балканот и тоа да биде еден од првите успеси на администрацијата на Обама.
“Босна и Херцеговина беше надвор од фокусот на интересирање речиси десет години и сега повторно се враќа на сцената. Ако Њујорк Тајмс, на пример, и посветува внимание на Босна, тоа е показател дека и американската администрација е позаинтересирана”.
Пол Бивер се согласува со оценката од извештајот на Стејт Департментот дека националните тензии во Босна и Херцеговина го достигнале својот максимум од крајот на војната.
“Да, ми се чини дека меѓу различните националности постојат тензии и токму затоа мислам дека американците ќе мора да вложат и време и напори за решавање на ова прашање. Никој не сака избувнување на нови насилства”.
Според Бивер, националните тензии во Босна и Херцеговина се присутни од едноставна причина што нема економски развој. Најдобар начин за смирување на меѓу-етничките проблеми е да им се даде работа на луѓето, вели Бивер кој додава дека досегашните високи претставници за Босна и Херцеговина не беа успешни, меѓу другото, и поради тоа што немаа подршка големите играчи, како Европската Унија, Соединетите Држави и Русија. Сепак, во врска со иднината на Босна, Бивер е оптимист иако смета дека пред 10-тина години е испуштена шансата за расчистување со националистите.