Достапни линкови

Инвестиции поради ефтина работна сила


Фабрика за чорапи Прилеп
Фабрика за чорапи Прилеп
Светската економска криза не ги спречи странските бизнисмени да инвестираат во Прилеп. За кусо време во индустрискиот комплекс, надвор од градот на површина од 6000 м2 во просториите од поранешен „Современ дом„ е отворена фабрика за производство на хулахопки и чорапи „Рониконрат„. Со грчка инвестиција вредна околу 2 милиона евра се реализира дневно производство на околу 80 илјади париња и 240 нови вработувања. Сопственикот Спиридис Сократис кој својот бизнис од Грција и Бугарија го прошири во Македонија, не крие дека еден од мотивите за инвестирање е ефтината работната сила:

„Сигурно е дека има евтина работа сила и тоа е една од причините да инвестирам овде, зашто конкуренцијата во Европа е многу силна.“

Тврди Сократис и истакнува дека на сите вработени им се плаќаат придонеси, зашто вели препорака и услов на странските партнери е да се почитуваат законските регулативи. Грчкиот газда најави дека за кусо време планира проширување на капацитетите и зголемување на обемот на производство на 200.000 парчиња дневно, за што ќе бидат дополнително инвестирано, а бројот на вработени ќе достигне до 600. Сократис е со оценка дека во Прилеп постои поволна стопанска клима, затоа вели на сите заинтересирани бизнисмени од Грција ќе им препорача овде да вложуваат. Иста оценка има и Мирко Бичанин, сопственик на „Билфуд„ фабрика за преработка на разни видови плодови од Прокупље. Тој отвори нов преработувачки капацитет во Прилеп на површина од 2000 м2, со капацитет од 15 за сушење, а двојно повеќе тони за смрзнување на плодовите.

„Инвестицијата е засега околу 1,2 милиона евра. Но,овде треба да се инвестира уште во набавка на многу поскапи машини. Во моментов се вработени 10-мина, а со почетокот на сезоната ќе бидат потребни по 150 работници за секоја од 3-те смени.“

Вели Бичанин. Прилеп е примамлива дестинација за инвеститорите зашто е единствена општина во државава која ги ослободува од плаќање комуналии во зависнот од бројот на новоостварените вработувања, од 25 па до 100 насто.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG