Против примитивизмот и кичот, со кренато копје за нашиот град е мотото на проектот THE SKOPJE филмскиот омнибус зад кој застана продукцијата Ново Македонско Видео. Се работи за игран филм составен од повеќе приказни сместени во Скопје, преку кои треба да се прика`ат убавите и модерните страни на градот, неговиот дух, а кои ќе ги режираат Борјан Зафировски, Синиша Ефтимов, Огнен Димитровски, Вардан Тозија, Јане Алтипармаков, Ѓорче Ставрески, Саша Станишиќ, Даријан Пејовски и Срѓан Јаничиевиќ. Драматург е Огнен Георгиевски, а оригиналната музика за филмот ја подготвуваат БЕИ Д ФИШ, ПИ ЕМ ЏИ КОЛЕКТИВ, БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА, Сашко Костов, Александар Пејовски и други припадници на современата македонска музичка сцена.
Идејата за проектот се родила од револт на групата филмски автори кон трендот во македонската кинематографија да се продуцираат само филмови што се занимаваат со тешки, неразбирливи, рурални, негативни теми, полни со несреќи, нихилизам, војни и зла, кои кај публиката предизвикуваат да се раѓа одбивност кон домашните филмови.
„Идеја се базира на тоа дека после големиот земјотрес во Скопје, лошите сили го имаат заземено градот и постои една легенда дека во 2009-та треба да се случат девет чуда, кои што ќе ослободат Скопје и градот повторно ќе почне да функционира како што треба.“
истакнува Борјан Зафировски, еден од авторите и продуцентите на проектот. Работата на филмскиот омнибус Д СКОПЈЕ започнува со реализацијата на анимираниот филм на Срѓан Јаничиевиќ насловен како и името на неговиот бенд во кој тој ја раскажува сторијата за двата свои јунака од Домот за напуштени деца кои се викаат Поган и Паган кои се обидуваат да заработат пари на најразлини начини за да конечно си купат мајка и да не бидат повеќе сираци. Интересно е притоа што приказните во овој омнибус се испреплетуваат и дека во филмот учество ќе земат не само актерите, претставниците на актуелната музичка сцена туку и овдешните сликари, скулптори и мултимедијални уметници чие творештво ќе биде претставено на еден индиректен начин.
„Овој филм многу повеќе се залага за бранење и задржување на нескршливиот скопски дух, кој што владеел во Скопје и кај скопјани, а кој полека во целата оваа ситуација се губи.“
дополнува Зафировски.
Кон ова само уште информацијата дека проектот финансиски е подржан од Филмскиот фонд на Македонија, а продуцентите планираат снимањето на THE Skopje да биде завршено есенва.