Голем број работници во прилепските фирми од почетокот на годинава се жртви на низа злоупотреби и манипулации од страна на работодавците кои под изговор на економска криза целиот финансиски товар од работењето го префрлаат врз грбот на работниците. Тие пак немоќни и испашени, живеат во стрес дека секој момент ќе останат без работа, реагираат од општинскиот синдикат на ССМ.
„Не треба да дозволиме, целокупните последици од економската криза да се префрли врз грбот на работниците. Голем број од работодавачите изготвуваат програми за технолошки вишок и ги бркаат работниците,“
вели Тони Јовески, претседател на општинскиот синдикат.
Тој тврди дека на многу вработени во конфекциските фирми преку ноќ без нивно знаење им се трансформира работниот однос во Агенцијата за вработување од неопределено на определно време.Наспроти овие обвинувања, од прилепската секција на текстилци со демант. И покрај тешката состојба во конфекциските фирми, не постои ниту масовно отпуштање од работа, ниту каква било манипулација со вработените.
„Немам такви сознанија. Сеуште нема таква злоупотреба, можеби има една – две фирми.“
вели Благоја Конески, претседател на секцијата.Од Здружението на работодавци велат дека трипартитниот социјален совет во кој членуваат претставници од Владата, синдикатот и работодавците вложува максимално напори за изнаоѓање решенија за да се спречат или во најмала рака да се ублажат последиците од кризата.
„Можно е да има и на страната на работодавачите одредени пропусти, но и на страна на работниците неприфаќање состојби. Меѓутоа,тоа е поединечно и не претставува проблем.“
вели Димитар Стојановски, претседател на Здружението. Од Синдикатот сепак бараат Владата да најде начин да ги превенира состојбите. Инсистираат на социјално згрижување со исплата на одреден паричен надоместок на сите работници на кои им се заканува опасноста да ги изгубат работните места и додека трае кризата средствата да им се исплаќаат или на сметка на фирмите или директно на работниците.
Во синдикатот се децидни Владата никако не смее да дозволи, армијата од околу 25.000 невработени што е третина од вкупното население на Прилеп да се зголеми двојно, зашто градот ќе биде целосно парализиран, а граѓаните едвај ќе преживуваат.
Не треба да дозволиме, целокупните последици од економската криза да се префрли врз грбот на работниците. Голем број од работодавачите изготвуваат програми за технолошки вишок и ги бркаат работниците
„Не треба да дозволиме, целокупните последици од економската криза да се префрли врз грбот на работниците. Голем број од работодавачите изготвуваат програми за технолошки вишок и ги бркаат работниците,“
вели Тони Јовески, претседател на општинскиот синдикат.
Тој тврди дека на многу вработени во конфекциските фирми преку ноќ без нивно знаење им се трансформира работниот однос во Агенцијата за вработување од неопределено на определно време.Наспроти овие обвинувања, од прилепската секција на текстилци со демант. И покрај тешката состојба во конфекциските фирми, не постои ниту масовно отпуштање од работа, ниту каква било манипулација со вработените.
„Немам такви сознанија. Сеуште нема таква злоупотреба, можеби има една – две фирми.“
вели Благоја Конески, претседател на секцијата.Од Здружението на работодавци велат дека трипартитниот социјален совет во кој членуваат претставници од Владата, синдикатот и работодавците вложува максимално напори за изнаоѓање решенија за да се спречат или во најмала рака да се ублажат последиците од кризата.
„Можно е да има и на страната на работодавачите одредени пропусти, но и на страна на работниците неприфаќање состојби. Меѓутоа,
Можно е да има и на страната на работодавачите одредени пропусти, но и на страна на работниците неприфаќање состојби. Меѓутоа, тоа е поединечно и не претставува проблем