Достапни линкови

Србија ќе аплицира за ЕУ кандидат во 2009?


Иако неодамна европскиот комесар Оли Рен рече дека не е време Србија да поднесе кандидатура, вице премиерот во Владата на Србија за европски интеграции Божидар Ѓелиќ, изјави дека Србија не се откажува од намерата до крајот на оваа година да аплицира за членство во Европската Унија. Е, сега, како што јавува дописништвото на Радио Слободна Европа од Белград, се поставува прашањето дали планот на Србија е само амбициозан, или реално е остварлив? Имено, покрај недовршените хашки обврски на државниот врв на Србија му е порачано дека би било добро Собранието побргу да усвојува закони и така натаму. Дека најавата на српската влада е погрешен потег смета пратеникот на Либерално демократската партија Иван Андриќ.

"Значи, прво мора да стапи во сила Договорот за стабилизација и асоцијација, па да се види како тој ке функционира па потоа доага на ред кандидатурата. Не смееме да ја доведуваме Србија во позиција, Советот на министрите и Европска комисија да не даваат одговор на нашата евентуална кандидатура затоа таа лажна еуфорија не води никаде"

Во јавноста се почестите изјава на српската влада за европска кандидатура, ја нарекуваат и непоткрепен оптимизам, што пак е на вистинска штета на очекуваниот евро оптимизам. Падот на подршката за ЕУ се толкува и со постојаното одлагање на иземањето на Србија од белата шенген листа и тука треба да се бара простор за инфлацијата на нереалните изјави, смета Јелена Милиќ од Центарот за евроатлантски интеграции

"Европската практика покажа дека сите земји кои биле апликанти за белата шенгенска листа, за визната либерализација прво добиле статус кандидат, па тоа е една од причините зошто и Вук Јеремиќ и Божидар Ѓелиќ толку многу инсистираат да поднесат апликација за кандидура. Мислам дека е тоа малку неодговорно и да не се послушаат и онака експлицитните пораки на Оли Рен".

Суштината, според Јелена Милиќ, е и во тоа што српските министри ја убедуваат својата јавност дека Холандија го кочи процесот за одмрзнување на договорот за стабилизација и асоцијација поради своите проблеми кои ги имала во случајот Сребреница, што смета Милиќ, не е точно.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG