Емотивен, а со авантуристички дух, со бескрајна љубов за уметноста, книжевноста, вљубеник во естетиката, која ја доживувал само на ниво на сетила, без дарба да ја опише со зборови. Таков е 66 годишниот прилепчанец Киро Христов, кој 40 години живеел во Париз, каде се дружел со македонските уметници, работел во Мулен Руж, во Лидо, бил чувар, заварувач, работел се, но знаел и да го ужива животот. Пред една година, тој решил да го напушти Париз, да се врати во родниот Прилеп за да го исполни татковиот аманет: да направи фарма, на имотот од татко му, 50-тина декари квалитетна обработлива земја во Рилево:
,,Фарма да направам, малку таму, малку тука во град, но тука е тажно."
Но, кога се вратил, се разочарал од најблиските. Вели за да ја земат земјата одамна го прогласиле за мртов. Во безизлез тој заминал во старскиот дом, со помош на раководните луѓе некако си го средил животот, зашто добива околу 900 евра пензија:
,,Мртов и мене не ме споменуваат, ниту во суд, како да сум мртов, живеам како да сум мртов, зошто? За земја, а јас им се направив тука."
Но, тој тврди, ке ја тужи сестра му, правдата ќе ја бара во судот во Стразбур:
,,Ред е, тука не верувам во Македонија, но во Стразбур ќе добијам."
Животот во старскиот дом е премногу тажен. Вели навикнат е на секојдневна возбуда и уживање. ЗаШто цел живот додека додека
живеел во Париз одел по театри, опери. Читал многу, а омилени му биле руските класици.
,,Бев многу често во театар, во кино, по ресторани, и миев садови во Лидо и Мулен Руж."
Во Македонија се вратил со 12 куфери, но тврди роднините се му разграбале, дури му побарале за престој 25 евра. Христов во моментов е резигниран, но нема да се предаде,вели со неговиот авантуристички дух ќе ја продолжи битката. Тој верува дека правдата и вистината ќе победат и дека еден ден ќе добие повторно парче земја, наследство од својот татко. Во меѓувреме деновите ги минува во дружење со новостекнатите пријатели во Прилеп.
Живеам како да сум мртов, зошто? За земја, а јас им се направив тука.