Утре Косово ќе ја одбележи првата годишнина од еднострано прогласената независност. Благодарение на руските опструкции на каква било нова резолуција на Обединетите Нации во врска со косовскиот статус, неговата независност и натаму е контроверзна, се вели во анализата на Економист. Меѓутоа и покрај многуте предвидувања дека независноста на Косово ќе донесе нови насилства, етнички чистења, неконтролирана емиграција, заживување на српскиот национализам, па дури и нова војна на Балканот, тоа не се случи.
Денес Косово е релативно мирно. Силите на НАТО го обезбедуваат српското малцинство, а мисијата на Европската Унија, ЕУЛЕКС започна да функционира. Но, Косово сеуште не е признато од неколку земји – членки на Европската Унија, - Шпанија, Грција Романија, Словачка и Кипар. Но и тие се свесни дека ќе мора да го сторат тоа и поради имиџот на Европската Унија, но и поради иднината на останатиот дел од Балканот. Вистина е дека сите земји од Западен Балкан моментално се во проблеми, се вели во анализата на Економист. Нема значителни странски ивестиции, расте невработеноста. Хрватска езаглавена во преговорите за членство во Унијата, поради проблемите со Словенија. Македонија не е ни блиску до решавање на спорот со Грција околу името. Македонските власти, во меѓувреме, ставаат антички имиња на објекти, што можеби е во изборни цели, но тоа ги намалува шансите за наоѓање компромис со Грција. Босна останува поделена меѓу двата главни ентитети, а Србија не може да се доближи до Европската Унија се додека не го испорача Ратко Младиќ.
Балканот можеби нема да биде на ансловните страници како во 90-тите години, но тензиите и натаму постојат. Иако нема сериозни намери за нова војна, опасноста од насилства и политичка нестабилност и натаму е висока, што е пречка за посериозни странски инвестиции. Многумина аналитичари долго време сугерираат дека најдобро решение е сите земји од Балканот да се стават на патот кон членство во Евроспката Унија. Само на тој начин може да се обезбеди мирна и среќна иднина и на Косово и на останатиот дел од западен Балкан, се вели во анализата на весникот Економист.
Денес Косово е релативно мирно. Силите на НАТО го обезбедуваат српското малцинство, а мисијата на Европската Унија, ЕУЛЕКС започна да функционира. Но, Косово сеуште не е признато од неколку земји – членки на Европската Унија, - Шпанија, Грција Романија, Словачка и Кипар. Но и тие се свесни дека ќе мора да го сторат тоа и поради имиџот на Европската Унија, но и поради иднината на останатиот дел од Балканот. Вистина е дека сите земји од Западен Балкан моментално се во проблеми, се вели во анализата на Економист. Нема значителни странски ивестиции, расте невработеноста. Хрватска е
Македонија не е ни блиску до решавање на спорот со Грција околу името. Македонските власти, во меѓувреме, ставаат антички имиња на објекти, што можеби е во изборни цели, но тоа ги намалува шансите за наоѓање компромис со Грција.