Жената како мајка. Жената како љубена. Жената како крик. Жената како плач. Жената како експеримент. Жената како река. Жената како море од чувства. Жената како скршено огледало. Жената како вистина. Жената како воено поле - се појдовните 10 точки од кои тргнува режисерот Владлен Александров во креирањето на својот проект, претставата која од една страна говори за ужасите на војната во Босна и Херцеговина кои ги преживуваат две жени, но од друга ја има универзалната порака таквите случувања и судбини да не се повторат.
,,Имаме мисија да не се заборават тие нешта. Затоа што човекот ја има таа чудна способност да дели памет и историјата, посебно овде на Балканот, бргу се заборава. Потоа ја препишуваме и си ја правиме како што ни одговара секому. Ја месиме како леб. Историјата не е леб. Ова што се обидовме да го направиме е многу лично. И за мене и за актерките. Тоа е некаква наша исповед затоа што сметаме дека говориме за многу сериозни работи. Злосторствата се случуваат катадневно во светот и најпрво се одразуваат врз жената, врз индивидуата која го продолжува родот."
вели Александров, инаку директор на театарот во Пазарџик, еден од најдобрите во соседна Бугарија.
Улогите на двете жени, едната Босанка неколкупати силувана, бремена и на лекување во медицинскиот центар на НАТО во Германија и другата Американка, докторка по психологија која учествувала во откопувања на 70 масовни гробници, ги толкуваат Ирена Ристиќ и Билјана Драгичевиќ Пројковска.
,,Во минатото мечот на витезите беше потопуван во крвта на нивниот противник, како што пенисот на новиот воин е потопен во криците на силуваните жени. Новиот воин на Балканот ги силува жените на својот етнички непријател за да му го зададе последниот смртоносен удар,"
потенцира Пројковска, дополнувајќи дека обете со Ирена поминале низ еден извонредно тежок процес на подготовка на претставата, но и дека се презадоволни од она што го сработиле со режисерот Александров.
Инаку, Драмскиот театар со Сите лица на Петре М. Андреевски и Жената како воено поле до крајот на февруари ќе гостува на фестивалот Сараевска зима во Босна и Херцеговина, а потем дуодрамата ќе тргне на турнеја и ќе и биде претставена на публиката во соседна Бугарија.
Кон, ова само уште и информацијата дека во оваа наша национална установа започнаа и подготовките за новиот проект. Драмата Александар како решисер ја потпишува Љубиша Георгиевски, а носител на насловната роља е актерот и уметнички директор на театарот Дејан Лилиќ.