Достапни линкови

Позитивни ефекти за 10 до 15 години


Македонија на 100 локации ќе засади вкупно шест милиони дрвца. Садниците и овој пат ги обезбеди Владата со купување од јавното претпријатие „Македонкси шуми“.Акцијата за пошумување почна во март годинава со засадување два милиона дрвца, за која дел од експертите сметаат дека била спроведена во не многу поволен период.

„Садењето на пролет е доста ризично. Прво, сушата, како што беше пример лани. Во такви услови процентот на прифатливост е многу помал,“

вели Илија Каров професор на земјоделскиот институт.

Но од Министерството за земјоделство, предходната акција ја оценуваат како успешна.

„Успешноста на садењето на двата милиони дрвца беше успешно повеќе од 50 насто. Тоа може да се процени како успешност во шумарскиот сектор,“

вели портпаролот на министерството Соња Трајковска.

И за денешното засадување на дрвцата и предходниот пат, за вработените во државните институции беше неработен ден.
За ова професорот Каров вели дека Македонија повеќе добива отколку што губи, додавајки дека ова акција не преставува политички маркетинг, бидејки како што вели тој, за да се видат ефектите треба да помине одреден период.

„Ова е многу добро обмислена акција, многу реално кажано и не се сомневам дека има елементи на маркетинг. Оваа акција ќе дојде до израз по 10 – 15 години, тогаш ќе се видат ефектите од целата активност.“

Денешниот ден, државните институции ќе го одработат в сабота, информираат од Министерството за земјоделство. Инаку во март идната година, по примерот на Македонија, како што изјавија дел од поттикнувачите на ова иницијатива и останатите балкански земји ќе спроведат акција на пошумување со по шест милиони садници.
XS
SM
MD
LG